исхрана за време на бременост

Совети за здрава исхрана за време на бременост

Во текот на бременоста се менуваат потребите на женскиот организам за храна. Правилниот начин на исхрана за време на бременост е многу значајно за здравјето на секоја жена и бебето. И денес често слушаме дека бремените жени треба да јадат за двајца. Но, секако дека тоа е погрешно, бидејќи претераното зголемување на телесната тежина може да предизвика здравствени проблеми.

За да не дојде до тоа, потребно е бремените жени да се придржуваат до одреден правила во однос на исхраната, тврдат нутриционистите. Во првото тримесечие се препорачува да се внесуваат 150 калории повеќе од обично, а во второто и третото по 350 калории.

Меѓутоа, зголемувањето на енергетските потреби на една бремена жена зависи и од нејзината телесна маса, пред почетокот на бременоста. Во текот на бременоста телесната маса не треба да се покачи над 12 килограми.

исхрана за време на бременост

Како треба да изгледаат оброците за време на бременоста?

Според советите на експертите, исхраната на секоја бремена жена, треба да се состои од повеќе помали оброци – три главни оброци и три ужини. Производи кои треба да се избегнуваат се слатките и претерано зачинетите јадења, а солта се препорачува во мали количини. Рибата и месото треба да бидат застапени најмалку четири пати неделно. Како идеална ужина може да се јадат бадеми и суво овошје, но не повеќе од еден грст.

Наталожувањето на килограмите во овој период, значи дека по породувањето ќе ви останат двојно повеќе отколку кога би се придржувале кон правилна исхрана. Вишокот на килограми, не претставува само естетски проблем. Тоа носи ризик од појава на многубројни болести, од веќе споменатите проблеми со крвниот притисок и дијабетесот, па до заболување на срцето.

Ви препорачуваме да прочитате: Правилна исхрана во бременоста.

Сподели: