користење на етерични масла

Совети за правилно користење на етерични масла

Во последно време, етеричните масла се препорачуваат како помошно средство за лекување на многу заболувања и здравствени состојби. Но, пред да се почне со употреба на етерични масла важно е да се внимава на начинот на нивното користење.

Етеричните масла се добиваат со дестилација со водена пареа, што претставува најстар и се уште најприменуван начин за екстракција. Тие се употребуваат уште од дамнешни времиња како за козметички цели, така и за лековита намена. Етеричните масла се ароматични, течни екстракти добиени од цветови, плодови, листови, стебленца, корени, семиња, кори и мов. Во себе содржат комплексни состојки кои ги произведува самото растение во концентриран облик. Затоа тие му помагаат на човековото тело во процесот на самоизлекување. Во продолжение ви претставуваме во кои случаи би требало да бидете внимателни со нивната употреба.

етерични масла

Може да предизвикаат промена на бојата на кожата, изгореници и рани

Некои етерични масла може да предизвикаат изгореници од сонце. Доколку планирате да се изложувате на сонце или да посетите солариум, немојте да ги нанесувајте на кожата. Во фотосензитивни масла спаѓаат: маслото од багрем, лимон, лимета и кумин.

Не се препорачуваат за бебиња и трудници

Кај трудниците, доилките и малите бебиња треба да се внимава при користењето на етерични масла. Доколку сакате да ги искористите, прво разредете ги со вода или други основни масла, како што се кокосовото, маслиновото или сончогледовото масло. Етеричните масла од рузмарин, жалфија и лаванда не би требало да се употребуваат за нега на трудници дури ни во разреден облик. Кај деца помали од една година не се препорачува употреба на етерична масла.

Може да предизвикаат иритација на кожата и чешање

Само една капка етерично масло од пеперминт може да ве ослободи од главоболката, но во исто време може да ви предизвика иритација на кожата. Етеричните масла треба да се нанесуваат внимателно на кожата, бидејќи може да предизвикаат нејзино воспалување и црвенило. Ова особено важи за маслата од лимонова трева, цимет, ловор и пеперминт.

Немојте да ги користите за нега на мали животни

Етеричните масла не треба да се употребуваат на мали животни, освен на големи, како што се коњите.

Доколку имате одреден здравствен проблем, ароматерапијата препуштете ја на стручни лица

И самото вдишување на етеричните масла може да има несакани последици, особено кај пациенти кои веќе патат од некое заболување. Не се препорачува употреба на етерична масла кај лица кои страдаат од астма или од срцеви болести. Тие може да се користат во вид на ароматерапија која ја врши обучен терапевт.

Напомена: Некои лица се убедени во лековитата моќ на етеричните масла, па често ги употребуваат и по орален пат. Но тоа може да биде многу опасно и воопшто не се препорачува, бидејќи може да предизвикаат труење, спонтан абортус кај трудници, па дури и смрт.

Сепак не треба да се плашите од употребата на етеричните масла, но секогаш користете ги со одредена доза на претпазливост. Добро прочитајте го нивниот состав и посоветувајте се со стручни лица за начинот на користење.

Ви предлагаме да прочитате: Исчистете го домот од негативната енергија со етерично масло од портокал. 

Сподели: