чување на храната во фрижидер

Совети за правилно чување на храната во фрижидерот

Правилното чување на храната во фрижидерот е во големо значање, за да се продолжи рокот на употреба, но и да се зачуваат хранливите состојки. Едно од најважните правила кое треба да го применувате е лесно и едноставно. Приготвената храна чувајте ја во садови со капак, за да се заштити од сувиот воздух во фрижидерот. На овој начин, се спречува преносот на бактериите и мирисите, а се зачувува хранливиот состав на храната.

За да се обезбеди константна температура, потребно е фрижидерот да биде што е можно подалеку од шпоретот, радијаторите и другите извори на топлина. А исто така, при вадење или ставење на храната, практикувајте да го држите отворен кратко време. Покрај тоа, важно е редовно да се чисти и одмрзнува, а доколку често имате проблем со создавање на мраз во фрижидерот за замрзнување, следете ги советите. За да се обезбеди рамномерна циркулација на воздухот, фрижидерот не треба да се претрупува со намирници.

чување на храната

Пред да ги ставите намирниците во фрижидерот треба да водите сметка за следните работи:

  • Свежото месо никогаш немојте да го чувате во најлонски кеси, затоа што за брзо време ќе се расипи. Најдобро по купувањето, ставете го во керамички сад и поклопете го со чинија.
  • Ако не планирате да го употребите месото за скоро време, најдобро е да го замрзнете. Изладеното месо може да го чувате во фрижидер, максимално 48 часа пред да го подготвите.
  • Никогаш не ја оставајте храната во отворени садови. Рибата, соковите и зеленчукот, по отворањето никогаш не треба да ги враќате во металната конзерва, затоа што храната реагира со металот и се добива метален вкус. Доколку ваквата храна ви остане, подобро е да ја ставите во стаклен или пластичен сад, затворен со капак. А секако добро е да знаете како може да го отстраните непријатниот мирис на пластичните садови кој може да се јави при чување на храната.
  • Приготвената храна која нема да ја употребите во текот на денот, чувајте ја во добро затворени садови. Најдобро е храната да ја спакувате веднаш штом се излади и да ја ставите во фрижидер во рок од два часа. Врелата храна ја зголемува температурата во фрижидерот и го помага растот на бактериите. Покрај тоа, влијае за брзо создавање на мраз.
  • Приготвената храна никогаш не ја чувајте во фрижидер повеќе од два дена.

Правилно распоредете ги намирниците врз полиците на фрижидерот

  • На горните полици на фрижидерот чувајте ги јајцата, млечните производи, сувомеснатите производи и приготвената храна.
  • На средните полици чувајте го месото и рибата. Свежото месо секогаш чувајте го под приготвената храна.
  • Во фиоките кои се наоѓаат во најдолниот дел на фрижидерот, чувајте го зеленчукот и овошјето.
  • Во преградите кои се наоѓаат на вратите на фрижидерот, чувајте ги алкохолните пијалаци, путерот и соковите.
  • Практикувајте ги овие 11 корисни совети за чување на млеко.
  • Јајцата подобро е да ги оставите во оригиналното пакување, него на вратите, затоа што таму температурата е пониска.

Ви предлагаме да прочитате: Имајте чист фрижидер за 15 минути.

Сподели: