чир на желудник и гастритис

Совети и исхрана при чир на желудник и гастритис

Воспалението на слузницата на желудникот се нарекува гастритис, а патат голем број на луѓе ширум светот. Најчестите причини за појава на гастритис се инфекција со Helicobacter Pylori, користење на нестероидни антиинфламаторни лекови, стрес и алкохол.

Покрај тоа, желудникот може да биде иритиран од храна која што ја зголемува желудочната киселина. Доколку имате проблеми со чир и гастрит треба да ја ограничите и избегнувате консумацијата на храна која што предизвикува болка во желудникот, зголемено лачење на киселини и неправилно варење на храната. Храната која ја консумираме различно делува врз лачењето на желудочната киселина. На пример, зачините како што се пиперот, ја зголемуваат желудочната киселина и може да го иритираат желудникот. Исто така храната која содржи чоколадо, или пак е лута и богата со масти може да го иритира желудникот. Пијалаците кои содржат алкохол или кофеин исто така може да предизвикаат симптоми.

чир на желудник и гастритис

Храна треба да се избегнува за консумација при чир на желудник и гастритис

Следната листа на храна која што треба да се ограничи или воопшто да не се консумира, би ви била од голема корист доколку имате проблеми со чир или гастрит.

Пијалаци:

  • Топло какао и чоколадно млеко
  • Полномасно млеко
  • Кафе
  • Зелен и црн чај, со или без кофеин
  • Пијалаци кои содржат алкохол
  • Џус од портокал и грејпфрут.

Зачини:

  • Црн и црвен пипер
  • Лук во прав
  • Чили.

Останата храна:

  • Млечни производи изработени од полномасно млеко
  • Зачинети сирења или сирења со изразен вкус
  • Месо со висока содржина на масти, како што се колбаси, салама, сланина
  • Лути пиперки
  • Кромид или лук
  • Производи од домат, како доматна паста, доматен сос или сок од домати.

Храна која може да се консумира при чир на желудник и гастритис

При проблеми со чир на желудникот и гастрит може да консумирате здрава храна од сите категории. Јадете овошје, зеленчук, житарици во цело зрно и млечни производи со малку масти или без масти. Може да консумирате интегрален леб, тестенини и кафеав ориз. При изборот на месо се препорачува чисто месо (без масти), месо од живина (пилешко и мисиркино), риба, а исто може да се консумира јајца и јаткасти плодови. Од маслата се препорачува да користите маслиново масло и масло од канола.

Дополнителни совети при чир на желудник и гастритис

Не вечерајте непосредно пред спиење. Навиката да јадете пред спиење, мора да ја промените, така што од вечерата треба да поминат најмалку 2 часа, пред легнувањето.

Јадете мали и чести оброци. Желудникот може полесно да ја свари храната која што е во мали и чести количини, за разлика од големите порции на храна.

Сподели: