8 чекори како да направите совршено вкусна мисирка за Божик како Џејми Оливер 1

8 чекори како да направите совршено вкусна мисирка за Божик како Џејми Оливер

Сите знаеме дека во поголемиот дел од светот има традиционален обичај да се припрема мисирка за Божик. Овој празник е специјален ден за христијанските семејства, кои се собираат и прославуваат со богата трпеза. Затоа сега, а благодарение на експертските совети од Џејми Оливер ќе може сите да приготвиме совршено вкусна мисирка за Божик!

Советите за подготовка се едноставни, а добро е да ги знаеме сите, затоа што порано или подоцна може да ни користат. Еве какви насоки откривме од овој врвен готвач.

8 чекори како да направите совршено вкусна мисирка за Божик како Џејми Оливер 2

1. Oставете ја мисирката на собна температура

Доколку сте ја чувале во фрижидер или била замрзната, оставете ја мисирката природно да се одмрзне, односно пред печењето да постигне собна температура. Исплакнете ја со вода, па осигурајте се дека добро сте ја исцедиле водата од внатрешноста.

2. Зачинете ја 

Налејте маслиново масло врз горната површина на мисирката, а потоа посипете сол и црн пипер пипер по вкус. Тука е важно да погледнете дали зачините навлегле добро во внатрешноста.

3. Оставете некое време да се впијат зачините

Додека го припремате филот и додека чекате да се стопли рерната на 180 степени, најдобро е да ја оставите мисирката да постои со зачините за убаво да се впијат. Препорачливо е рерната да е веќе затоплена кога ќе ја ставите да се печи мисирката, а филот може да е зеленчук по ваш избор.

4. Направете уште една подготовка пред печење

Тргнете ја кожата од вратот на назад, така што ќе можете да го видите отворот (празнината). Наполнете со половина од филот кој сте го припремиле. Ако ставите премногу фил, тоа ќе го успори процесот на готвење. Откако сте завршиле со полнењето, вратете ја кожата како што била, за мисирката да изгледа убава на лик.

5. Техника на печење

Свртете ја мисирката и дополнете со мали парчиња од претходно припремениот зеленчук за полнење. Додајте половинки од мандарини и неколку гранчиња рузмарин. Со едно од гранчињата може да го затворите отворот на мисирката. Оставете ја да лежи пошироката површина, така ќе се создаде и задржи на неа, повеќе сос од зеленчукот.

6. Покријте ја со алуминиумска фолија

Откако сте ја покриле мисирката со алуминиумска фолија, ставете ја во жешката рерна. Температурата на рерната треба да биде околу 180 степени, а треба да се пече по 35-40 минути за секој килограм. Така, ако мисирката има 5 кг, за да се испече ќе бидат потребни 3 до 3,5 часа за нејзина подготовка.

7. Секогаш проверувајте до каде е, не оставајте да изгори!

Правете проверка на печењето на секои 20-тина минути. Така ќе имате предвид дали има сеуште сокови за да се готви сочно. По 2-2,5 часа отстранете ја фолијата за кожата да може да добие златна боја и да стане крцкава.

8. Оставете ја отстои 30-тина минути пред јадење

Кога печењето е завршено, извадете ја мисирката од рерната. Ако соковите се претвориле во сос и месото лесно се оддвојува, значи мисирката е готова. Ако не е така, вратете ја во рерната и печете уште малку, па повторно проверете. На крај, покријте ја уште еднаш со алуминиумска фолија и чиста крпа, па оставете ја да стои околу 30 минути. Сосот и зеленчукот ќе станат уште повкусни, а мисиркиното месо, сочно и одлично за јадење!

Ви препорачуваме да прочитате: Како да спремите месо „под вршник“ во рерната.

Сподели: