3 факти кои треба да ги знаете за совршено ракување со мелено месо

3 факти кои треба да ги знаете за совршено ракување со мелено месо

Има некои факти кои се битни кога станува збор за мелено месо и бидејќи се важни за да спречат нарушување на доброто здравје и секако вкусот на храната, вреди да издвоите неколку минути и да ги прочитате.

Неправилното ракување со свежото месо може да има сериозни последици по нашето здравје поради можно присуство на бактерии. Така, познато е дека месото секогаш треба да е добро заштитено и завиткано пред да го замрзнувате, за неговите сокови да не капнат случајно врз другата храна или површината на фрижидерот. Најдобро би било кога би можеле да го искористите во идните 2-3 дена, а исто толку важно е детално да го измиете приборот кој се користи за припрема додека месото е сурово, за да не се пренесуваат бактерии.

 совршено ракување со мелено месо

И додека експертите велат дека некои видови на месо, како што е пилешкото не е добро да ги миете пред припремата, затоа што така има можност да се намножат непосакувани бактерии, кои нема да бидат уништени додека местото термички се обработи, за меленото месо е посебно важно да се запазуваат некои правила:

  1. Меленото месо никако не треба да го замрзнуваме во обложената хартија со провидна фолија во која оригинално најчесто го купуваме. Тоа е затоа е затоа што таа е претенка и не би можела да го заштити соодветно од исушување, ниту од испуштање или примање на страни мириси. Најдобро е да го складирате во специјални ќеси за замрзнување, а ако имате можност да го ставите во „зипер“ ќеси кои добро се затвораат, тогаш е уште подобро заштитено.
  2. Кога станува збор за мелено месо кое веќе е замрзнато и сакате да го одмрзнете, немојте тоа да го правите во микробранова печка, затоа што надворешниот слој делумно ќе подлегне на температурата додека се одмрзне онај во средината. Сепак е подобра класичната метода, подопете го месото во ладна вода заедно со се ќесата во кое ви било складирано и чекајте.
  3. При припрема на меленото месо во тава, не се препорачува да го ставата во неа доколку не е убаво загреана површината, бидејќи ќе се залепи за дното иако сте туриле и масло. Подобро прво загрејте малку масло, па ставете го месото и продолжете со подготовката.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен бурек со мелено месо.

Сподели: