сок од калинка за добро здравје

Сокот од калинка е моќен природен антиоксиданс  

Дали сте пробале ли сок од калинка? Освежува, дава енергија и тоа не е сѐ! Уште одамна калинката се смета за симбол на здравјето, плодноста и вечниот живот. Сокот од калинка има силна антиоксидативна моќ, посилна дури и од таа на црвеното вино и на зелениот чај. Според истражувањата, сокот од калинка има трипати посилно антиоксидантно дејство од истото количество зелен чај или црно вино, боровинка или брусница. Заштитното дејство им се препишува на фитохемикалиите – полифеноли, танин и антоцијан.

Сокот од калинка го чува здравјето на срцето и крвите садови

Интересно е што само калинката содржи соединение познато како пуникалагин, кое е моќен антиоксиданс и се смета за пријател на здравјето на срцето и крвните садови. Со цедењето на зрната на калинката, пуникалагинот преминува во сокот. Некои истражувања покажале дека помага за намалување на холестеролот, намалување на високиот крвен притисок, го спречува настанувањето на артериосклерозата и другите срцеви заболувања. Особено е проучено дејството за намалување на холестеролот во крвта. Се претпоставува дека сокот од калинки може да го блокира или намали зголемувањето на холестеролот во артериите кај лица кои се под поголем ризик од срцеви болести.

сок од калинка

Антиканцерогените својства на сокот од калинка

Сокот од калинката покрај тоа што има позитивен ефект врз кардиоваскуларното здравје, може да го инхибира ракот на дојката, простата, дебелото црево, леукемијата. Овој сок има и хемотерапевтско дејство врз клетките на карциномот на простата. Екстрактот од калинка има способност да го забави растот и да ги уништи клетките на карциномот на простата.

Сок од калинка за подобрување на здравјето на дигестивниот систем

Можеби вашите баби или мајки ја сушеле кората од калинка и ја користеле како лек при дијареја. Но, освен кората и сокот од калинката е корисен при проливи, хемороиди и паразити во цревата.

Може да ве интересира: Кора од калинка природен лек против пролив и цревни паразити.

Го зајакнува имунитетот и ја подобрува меморијата

Благодарение на витамините кои ги содржи (Ц, К, А, Б, Е и фолна киселина) сокот го зајакнува имунитетот, делува позитивно при заболувања на усната шуплина и нервниот систем, така што ја подобрува меморијата и ја спречува депресијата.

Ако се одлучите да пиете сок од калинка, најдобро е да си направите сами, а при купување прочитајте ја етикетата. Изберете чист сок од калинка, а не мешавина на сокови кои често пати содржат додаден шеќер. Шеќерот ја зголемува калориската вредност, а со тоа се намалуваат придобивките врз здравјето.

Ви предлагаме да прочитате: Калинка – спасител на срцето и чувар на косата.

Сподели: