sok od grozje

Сок од грозје за здраво срце и крвни садови

Постојат многу причини зошто е добро да се јаде грозје. Освен што освежува во топлите денови, ова овошје е многу здраво. Може да се јаде свежо, а дали сте пробале сок од грозје?

Сокот од грозје го чува здравјето на срцето

Истражувањата покажале дека сок од црвено или темновиолетово грозје, благопријатно делува на срцето исто како и црвеното вино. Сокот од црвено грозје го намалува ризикот од згрутчување на крвта, го намалува лошиот холестерол, го спречува оштетувањето на крвните садови и помага за нормализација на крвниот притисок.

сок од грозје

Помага за исфрлање на токсините од организмот

Грозјето е богато со антиоксиданси, вклучувајќи ресвератрол и флавоноиди. Свежиот сок од грозје е богат со витамините А, Б и Ц, а од минералите содржи калциум, калиум, железо, магнезиум и други. Тој е одличен чистач на црниот дроб, го забрзува метаболизмот и овозможува брзо елиминирање на токсините од организмот и крвта. Содржи околу 20% шеќер, што значи дека има добра енергетска вредност, па како резултат на тоа не се препорачува за дијабетичари.

Богат е со антиоксиданси и делува антиканцерогено

Сокот од грозје го штити организмот од малигни заболувања, како резултат на биофлавоноидите кои ги содржи, а особено на витаминот П, чија основна улога е да го чува имуниот систем.

Повеќе причини за да се напиете сок од грозје

Освен горе наведените придобивки, редовната консумација на сок од грозје делува позитивно за здравјето и тоа:

  • ги ублажува симптомите на бронхитис и хронична кашлица
  • ја одржува нормалната работа на бубрезите
  • ја поттикнува регенерацијата на клетките и го забавува стареењето на организмот
  • го ублажува симптомите на реума и артритис
  • го чува здравјето на очите
  • позитивно влијае врз варењето на храната и работата на цревата
  • го поттикнува разградувањето на масните наслаги во организмот
  • поволно влијае на еластичноста и здравјето на крвните садови
  • ги намалува воспалителните процеси во организмот
  • го подобрува изгледот и еластичноста на кожата
  • го чува здравјето на нервите
  • ја стимулира работата на мозокот, така што ја зајакнува концентрацијата, паметењето и менталната способност.

Ви предлагаме да прочитате: Грозје – овошје за долг и здрав живот.

Сподели: