sok od zelka 1

Сок од зелка – природен лек за здрав желудник

Свежиот сок од зелка е исклучителен и здрав напиток за почеток на денот, а може да се консумира како додаток на храната во било кое време. Постојат многу начини за негова припрема, со цел да се извлечат хранливите состојки и да се подобри вкусот.

Зелката се користи многу години наназад за медицински и кулинарски цели. Таа е добар извор на рибофлавин, витамин Ц и аминокиселината глутамин. Некои истражувања покажале дека свежата зелка помага за намалување на нивото на лошиот холестерол и превенција од канцер.

Пиењето на свеж сок од зелка е лесен начин да се обезбеди телото со витамини и други хранливи материи кои се наоѓаат во овој зеленчук, а може да се изгубат со процесот на готвење на храната.

сок од зелка

Сок од зелка за гастритис

Познато е дека сокот од зелка се користи кај хроничен гастритис, за слабеење, при заболување на црниот дроб итн. При овие состојби се препорачува сокот од зелка да се пие 3 пати на ден пред оброкот по ½ чаша. Свежо цедениот сок се чува во фрижидер и се користи во рок од два дена.

Сок од зелка при проблеми со желудникот

Во народот постои верување дека сокот од зелка е одличен при чир на желудник. Свежо цедениот сок од зелка треба да се пие наутро, на празен стомак веднаш по цедењето.

Сок од зелка за слабеење

Зелката е многу популарна намирница кај лицата кои водат здрав живот. Таа содржи малку калории, а богата е со растителни влакна. Како резултат на хранливиот состав, корисна е при забрзување на метаболизмот и губење на килограмите. Во многу диети се вклучени рецепти за чорба од зелка, главни јадења со зелка и сок од зелка.

Карактеристично за зелката е тоа што е богата со витамини, а има мал број на калории. Затоа сокот од зелка е совршен за лицата кои се борат со вишокот на килограми. Тоа е посебно изразено кога сокот од зелка ќе се спореди со соковите од другиот зеленчук и овошје кои имаат висока содржина на шеќер и многу калории.

Совет плус: Доколку не обожавате да јадете свеж зеленчук, пијте сок од зеленчук. Возрасните луѓе во текот на еден ден треба да внесат околу 3½ чаши зеленчук и овошје. Сокот од зелка е едноставен и хранлив начин за да се зголеми количината на зеленчук која се консумира, без да се внесуваат премногу калории, шеќери и масти.

Ви предлагаме да прочитате: Зелка – драгоцена намирница за побрз метаболизам.

Сподели: