Сок од цвекло за силни мускули

Сокот од цвекло е еден од најдобрите лекови за анемија и тоа на сите им е добро познато. Но, нешто што е помалку познато е тоа што најновите истражувања покажаа дека цвеклото ги подобрува мускулните перформанси за цели 13% при интензивни тренинзи во теретана. Тоа значи дека свежиот сок од цвекло е пожелно да се пие доколку редовно вежбате или пак сте влегле во одредена старосна доба во која мускулната маса почнала да опаѓа.

Научниците особено се посветиле на тоа да откријат како храната која е богата со нитрати, како што е сокот од цвекло влијае врз здравјето и функцијата на мускулите. Тоа е важно за да им се помогне на луѓето кои имаат проблеми со срцето, односно да се подобри мускулната функција. Едно мало истражување покажало дека кај луѓето кои пиеле сок од цвекло, мускулната функција се подобрила. Ефектот бил сличен како истите со месеци да имале интензивен тренинг во теретана. Она што е најважно, кога е во прашање сокот од цвекло е тоа што тој сам по себе не носи никакви непосакувани појави по здравјето.

сок од цвекло за силни мускули

Како делува сокот од цвекло на мускулите?

Кога внесувате нитрати вашиот организам ги претвора во азотен оксид, компонента која ја поттикнува мускулната функција. Одредени истражувања, не само што потврдија дека оваа компонента ги зајакнува телесните мускули, туку и го подобрува здравјето на срцето. Оваа промена настанува уште во усната шуплина, бидејќи корисните бактерии веднаш ги претвораат нитратите во азотни оксиди кои претставуваат гориво за мускулите. Телото произведува азотни оксиди за време на вежбањето и затоа добивате повремен налет на енергија кога консумирате храна која е богата со нитрати. Ефектот секако е послаб во споредба со вежбањето.

Храна богата со нитрати

Ако сакате да внесете што повеќе намирници кои се богати со нитрати, тогаш треба почесто да консумирате:

  • сок од цвекло
  • спанаќ
  • рукола
  • целер.

Важно е да споменеме дека сокот од цвекло не може да ја надомести редовната физичка активност, но со него би можеле да ги замените енергетските пијалаци.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 причини зошто да пиете сок од цвекло.

Сподели: