солена торта 1

Солена торта со коцки леб

На блогот Kuhinjica Mignone го забележавме рецептот за солена торта со коцки леб, кашкавал и сланина, се воодушевиме од сликите и посакавме да го направиме.

Рецептот е едноставен и овозможува да го искористите лебот кој ви останал од претходниот ден. По желба може да додадете и други состојки кои ви се наоѓаат во фрижидерот, а доколку ви се допаѓа, одете в кујна и одма вклучете ја рерната. Припремената солена торта може да ја послужите за појадок или вечера со чаша јогурт или кисело млеко.

солена торта

Состојки:

  • 1 помал бајат леб (околу 300 грама)
  • 6 јајца
  • 250 мл млеко
  • 100 грама чадени колбаси
  • 100 грама сланина
  • 100 грама кашкавал
  • сол, црн пипер и магдонос

Подготовка:

  1. Сланината исечкајте ја на коцки. Половина од коцките пропржете ги на малку масло, а потоа ставете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот масло.
  2. Колбасите исечете ги на кругови, а кашкавалот крупно изрендајте го.
  3. Лебот исечете го на коцки со еднаква големина и ставете го во длабок сад. Јајцата изматете ги со виљушка, а потоа додајте го млекото, солта, црниот пипер. Измешајте и додадете ги во садот со лебот. Во садот додајте ги колбасите, пропржената сланина и половина од кашкавалот. Садот ставете го половина час во фрижидер.
  4. Калапот за печење (24 см или помал) премачкајте го со малку путер и ставете ја смесата од лебот. Со лажица благо притиснете го средината за да се направат странични рабови, а потоа ставете го кашкавалот и коцките сланина.
  5. Калапот покријте го со хартија за печење и печете во загреена рерна на 200 степени за време од 25 минути. Потоа извадете ја хартијата и печете уште 10 минути, додека убаво зарумени. Врз печената солена торта наросете сечкан магдонос и послужете ја топла.

Ви предлагаме да прочитате: Ќофтиња од тиквички и бајат леб.

Сподели: