бомбици од сирење

Солени бомбици од сирење во сос од босилек

Елегантно, вкусно и многу лесно за подготовка! Еве супер рецепт од Диана за солени бомбици од сирење во сос од босилек. Ви звучи екстра? Ајде да го пробаме.

Рецептот се приготвува со козјо сирење, а ако немате на располагање може да ставите фета или друго бело кравјо сирење. Состојките во рецептот се доволни за 2 до 4 порции.

солени бомбици со сирење

Состојки:

  • 2 – 3 лажици рендан пармезан
  • ¼ чаша средина од бајат леб (во замена може да се користат лебни трошки)
  • 120 грама полу-тврдо козјо сирење (може да се користи мешавина од меко и тврдо сирење)
  • 1 чешне лук
  • ¼ мала лажичка сол
  • ½ мала лажичка мелен црн пипер.

За сос од босилек:

  • ¼ чаша свеж босилек
  • 1 чешне лук
  • ¼ чаша ладно цедено масло.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги пармезанот, средината од лебот, црн пипер по вкус и миксирајте додека се добие хомогена смеса. Вака припремената смеса ставете ја во плитка чинија.
  2. Во длабок сад се става сирењето, се додава црниот пипер, ситно сечканиот лук, сол по вкус и се пасира со виљушка за да се добие хомогена смеса. Со навлажнети раце од смесата се формираат топчиња кои се валкаат во садот со лебни трошки и пармезан.
  3. Готовите топчиња од сирење се редат во чинија, се прекриваат со најлонска фолија и се ставаат во ладилник за време од околу 1 час.
  4. Во мало тенџере се става вода и се остава да вари. Во зовриената вода се ставаат листовите босилек и се бланшираат за време од 30 секунди. Се вадат од тенџерето и се стават во сад со ледена вода, а потоа се сушат со кујнска хартија.
  5. Во блендер се ставаат листовите босилек и лукот, и се миксираат додека фино се сомелат. Потоа постепено се додава маслото и се продолжува со миксирањето. По желба, сосот може да се процеди.
  6. Пред служење во чинија се става од сосот од босилек, а на средина се става бомбица од сирење. Сервираните солени бомбици од сирење послужете ги во комбинација со парче печен леб и свежи смокви по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Солени рафаело бомбици.

Сподели: