Подготовката на солени корнети со фил е исклучително интересна и верувајте дека нема да почувствувате ниту замор, ниту терет, туку само задоволство. Прекрасна и креативна активност која многу ќе го изненади целото семејство и гостите!
Состојки:
- 500 гр брашно
- 1 и 1/2 лажица шеќер
- 1 лажичка сол
- 25 гр квасец или 2 ¼ лажички сув квасец
- 50 мл млака вода
- 2 јајца
- 170 мл млако млеко
- 60 гр растопен путер.
За премачкување:
- 1 јајце
- сусам
- ленено семе, афионово семе по желба
Подготовка:
- Во поголем сад за месење ставете брашното, шеќерот и солта.
- Во помал сад убаво растопете го и измешајте го квасецот со млаката вода, а потоа додајте го во садот со брашното.
- Потоа во садот додајте ги јајцата и млакото млеко.
- Со помош на лажица измешајте ја смесата, убаво соединете ги состојките, а потоа додајте го и растопениот путер и замесете го тестото со раце. Месете додека тестото стане меко и мазно.
- Покријте го со платнена крпа и оставете го да стои на топла, односно на собна температура за време од 1 час. Ќе познаете дека тестото е готово кога ќе постигне двојна големина.
- Додека тестото нараснува, направете корнети од хартија, прекриени со алуминиумска фолија. Препорачуваме од видеото да ги погледнете деталите поврзани со изработката на калапите за корнетите.
- Нараснато тесто поделете го на 8 дела, па оставете го да одмори 5 минути. Секој дел исучете го како лента или во вид на јаже со должина од 80 см и завртете го околу калапот за корнет, како што е прикажано во видеото.
- Корнетите ставете ги во тава обложена со хартија за печење, оставете ги да одморат 20 минути. Потоа со помош на кујнска четка премачкајте ги со јајце и по желба наросете сусам и ленено семе, афионово семе и слично.
- Печете ги на температура од 200 степени за време од 16 до 18 минути, додека добијат убава златна боја.
- Печените солени корнети оставете ги да се изладат, а потоа отстранете ги корнетите со алуминиумска фолија.
Вака подготвените солени корнети може да ги наполните со фил по ваша желба. Наши фил предлози се руска салата, малиџано салата, зазики сос -салата, крем салата со компир и мајонез, салата со праз и целер, крем салата со пилешко месо и цвекло и слично.
Еве како сето тоа практично се изведува.