Солени мафини со спанаќ и сирење 1

Солени мафини со спанаќ и сирење

Декоративните солени мафини со спанаќ и сирење е лесно да се направат и забавно да се јадат! Неодоливо дегустативно искуство не само децата, туку и за возрасните! 

За да се подготви овој рецепт не е потребно да се одвојува многу време. Може да ги изненадите членовите од вашето семејство и вашите пријатели со тоа што ќе им сервирате малку поразличен оброк кој ќе го паметат. Бидејќи станува збор за многу флексибилен рецепт, по желба може да додадете и други состојки или доколку некоја од состојките не е по ваш вкус слободно изоставете ја.

Солени мафини со спанаќ и сирење

Состојки:

  • 5 белки од јајце
  • 2 цели јајца
  • 50 мл обезмастено млеко
  • 3 тенки мисиркини (или пилешки) колбаси
  • 1/4 шолја свеж исечкан спанаќ
  • 1/4 шолја рендано чедар сирење (може кашкавал)
  • Пиранска природна нерафинирана морска сол  по вкус
  • црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете ги колбасите да се потпечат кратко, додека добијат убава црвенкаста боја, па исечкајте ги на ситни коцки.
  2. Во голем сад за матење ставете ги јајцата и белките, а потоа изматете ги.
  3. Во садот додајте го обезмастеното млеко, исечканите колбаси, сол и црн пипер по вкус, како и исечканиот спанаќ.
  4. Измешајте ги сите состојки за добро да се соединат.
  5. Смесата турете ја во претходно намрсен калап за печење, при што внимателно ќе ја распоредите содржината.
  6. Печете околу 20 минути на 180 степени, додека мафините се зацврстат во средишниот дел.
  7. Извадете ги од рерна и нежно, со помош на нож извадете ги од калапите.

Најдобри се кога се служат топли, но доколку сакате да се почестите друг ден, изладените солени мафини може да ги ставите во фрижидер или пак да ги замрзнете, а вкусот ќе остане одличен. На здравје!

Сподели: