солени стапчиња со оригано

Солени стапчиња со оригано, буковец и копар

Домашните солени стапчиња се највкусни, лесно се прават и сигурно целото семејство ќе се израдува доколку ги направите. А послужени со вкусен сос се идеални како мезе за пријателите, гледање на филм или некој фудбалски натпревар. Па, токму и така се роди идејата да направиме солени стапчиња со оригано, буковец и копар. Овие зачини ги набавивме од Рајска градина и ни беа инспирација да приготвиме нешто интересно.

Имаат врвен квалитет, а цените се достапни. И што е најважно, станува збор за македонска фирма, па ајде да ги поддржиме. Зачините може да ги најдете во Тинекс, Кам, Рамстор, Жито, Стокомак и други поголеми маркети низ Македонија.

Солени стапчиња со оригано, буковец и копар

Состојки:

  • ½ коцка свеж квасец
  • 1 мала лажичка шеќер
  • 1 лажица интегрално брашно
  • ½ чаша млака вода
  • ½ чаша газирана вода
  • ½ чаша масло
  • 1 чаша интегрално брашно
  • 2 ¼ чаша брашно
  • 1 мала лажичка сол
  • 1 јајце
  • 50 грама сусам
  • оригано, буковец и копар од Рајска градина по потреба
  • мак по потреба.

За сос:

  • 1 павлака
  • хималајска сол, мелен црн пипер, лук во прав по вкус
  • оригано од Рајска градина по потреба.

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете ги квасецот, шеќерот и интегралното брашно. Додајте ја млаката вода и измешајте за да се растопи квасецот.
  2. Садот ставете го на топло место и оставете го квасецот да нарасне за време од 5 до 10 минути.
  3. Потоа, во садот додајте ги маслото и газираната вода. Измешајте со лажица.
  4. Интегралното брашно, брашното и солта ставете ги во подлабок сад и измешајте ги со лажица.
  5. Постепено во садот додавајте ги интегралното брашно, брашното и солта, и замесете меко тесто. Тестото ставете го врз набрашнета работна маса и продолжете со месењето околу 3 до 5 минути. Од тестото со помош на рацете формирајте мала правоаголна кора.
  6. Врз работната маса наросете со сусамот во форма на правоаголник. Врз сусамот ставете го тестото и со сукало развлечете кора со дебелина од 5 до 8 мм.
  7. Јајцето скршете го и ставете го во мала чинија. Изматете го со виљушка.
  8. Со помош на готварска четка, премачкајте ја кората со изматеното јајце. Со помош на нож или уште подобро со алатка за сечење на пица, кората поделете ја на три дела со ширина околу 10 см.
  9. На едниот дел нанесете оригано од Рајска градина, кое има убава арома и вкус.
  10. На вториот дел наросете буковец од Рајска градина, стандарден или лут, во зависност од вашиот вкус. Солените стапчиња со лут буковец се пикантни и се одлично мезе за пријателите.
  11. На третиот дел на кората наросете копар од Рајска градина и мак. Така ќе добиете солени стапчиња со многу убав изглед.
  12. Потоа, секој дел исечете го на тенки ленти со ширина од околу 1 см.
  13. Земете две тави и обложете ги со хартија за печење. Доколку немате хартија за печење, може да ги премачкате со масло.
  14. Лентите свиткајте ги како спирали и редете ги во тавата. Штом наредете една тава, ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени за време од 10 до 15 минути. За време на печењето проверете дали стапчињата се печени. Доколку сакате помеки стапчиња, печете ги пократко време.
  15. Печените стапчиња извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат.
  16. Во чинија ставете ја павлаката и додајте сол, мелен црн пипер, лук во прав и оригано од Рајска градина. Измешајте ги состојките со лажица.
  17. Изладените солени стапчиња со оригано, буковец и копар, послужете ги со приготвениот сос. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Крцкави солени стапчиња со зачини.

Сподели: