солен ролат со мак (афионово семе) 1

Солен ролат со мак (афионово семе)

Ако ве очекува некоја фамилијарна свеченост, матура, свадба, роденден, или било каков друг убав повод, имаме рецепт за прекрасен и декоративен солен ролат со мак и тоа испробан од нашата пријателка Лана!

Прв пат го сретнавме рецептот  на нејзината страница Kuhinjica Mignone, каде имаше повеќе рецепти на едно место, па ако сакате да го погледнете рецептот за пикантен солен ролат со ајвар кликнете тука, а исто така вкусен и декоративен е ролатот со спанаќ. Како и да е, крајниот избор кој ќе ја краси вашата трпеза останува на вас, а во овој случај го споделуваме рецептот за солен ролат со мак.

солен ролат со мак (афионово семе) 2

Состојки:

За кора:

  • 4 белки
  • ½ лажичка сол
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажица мак (афионово семе)

За фил:

  • 200 гр крем сирење
  • 100 гр шунка
  • ситна црвена пипер.

Подготовка:

  1. Белките ставете ги во чист и сув сад за матење и со малку сол изматете ги во цврст снег.
  2. Додајте го брашното во садот со белките, а при мерењето внимавајте лажиците да се полни, но не и преполни.
  3. На крајот додајте го и макот и измешајте со лажица.
  4. Смесата ставете ја да се печи во помал плех (23х30см), а истиот претходно обложете го со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени само 10 до 15 минути.
  5. Штом кората малку се зарумени извадете ја од рерна за да не се исуши премногу и префрлете ја врз влажна крпа, па замотајте ја така во ролат. Оставете потполно да се излади, а потоа можете да ја одмотате и да ја премачкате со фил.
  6. Изладената кора прво премачкајте ја со половина од крем сирењето, а потоа врз него наредете ги парчињата шунка, не пречи и ако на места се поклопуваат.
  7. Во останатото сирење додајте малку црвена пипер која се користи како зачин и премачкајте врз шунката.
  8. Повторно замотајте во ролат и на крајот завиткајте го во најлонска фолија. Готовиот солен ролат со мак чувајте го во фрижидер до моментот кога ќе посакате да го служите. Најдобро е да го направите навечер и да го оставите преку ноќта во фрижидер за добро да се стегне, а другиот ден да го исечете на парчиња.

На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Солен ролат со спанаќ и сирење.

Сподели: