ishrana protiv kancer 1

Со здрава храна против канцер

Малигните заболувања се почесто застапени, како кај нас така и во светски рамки, а претставуваат една од главните причини за прерана смрт. Иако има повеќе фактори кои влијаат на појава на канцер, сепак ние треба да се обидеме да влијаеме на факторите кои се во наши раце.

Според Американскиот институт за рак трите најглавни фактори кои придонесуваат за појава на овие болести се: дебелината, лошата исхрана и физичката неактивност. Во понатамошниот текст ќе се задржиме на некои препораки за исхраната и на продукти кои се покажале ефективни во превенција и борба со малигни заболувања.

Не постои една единствена храна која може да ве заштити или да ве излечи од рак, но научниците веруваат дека со правилен избор на прехранбени намирници во исхраната составена првенствено од растителни производи, вие можете да го постигнете посакуваниот ефект. Минералите, витамините и фитохемикалиите во растителната храна меѓусебно соработуваат за да ни овозможат заштита од малигните промени. Истовремено зеленчукот, овошјето, интегралните житарици и мешунките не се многу калорични производи па се препорачува нивна честа консумација за превенција на дебелината, која се смета дека е камен темелник на сите болести на денешницата и директно е поврзана со одредени типови на рак.

исхрана против канцер

Намирници кои го намалуваат ризикот од канцер се:

Со оглед на тоа што одржување на телесната маса во нормала е еден од најглавните чекори кој треба да го направите за да се заштитите од рак, логично е дека и стратегиите за превенција на рак и на дебелина се многу слични. Значи ако превземеме мерки за да се заштитиме од едниот проблем воедно се заштитуваме и од другиот.

Три стратегии за превенција на канцер и намалување на телесната маса

  1. Јадете првенствено растителна храна која не е многу калорична.
  2. Бидете физички активни.
  3. Намалете ја големината на порцијата (количината на храна која ја внесувате) и одржувајте ја вашата телесна маса во нормални граници.

Автор: Маја Велковска.

Ви предлагаме да прочитате: Златно млеко за одлично здравје и антиканцерогена заштита.

Сподели: