навики висок крвен притисок

Со здрави навики против висок крвен притисок

Високиот крвен притисок или хипертензија е честа здравствена состојба која се среќава кај 60% од луѓето на возраст над 65 години. Треба да се обрне големо внимание на оваа тема затоа што високиот крвен притисок претставува прикриена и сериозна закана за здравјето.

Најчестиот начин на исхрана кој се препорачува за регулирање на покачениот крвен притисок, вклучува секојдневно консумирање на храна богата со јагленохидрати и малку масти. Но, ова може да има контра ефект во решавањето на проблемот, тврди Д-р Џозев Меркола, американски лекар кој му дава предност на природните методи во однос на лековите.

Спрема Д-р Мерколи, воопшто не е чудно што голем број од Американците страдаат од покачен крвен притисок. Нивната омилена исхрана се базира на голем процент на јагленохидрати, а малку масти. А тоа е погрешна нутритивна комбинација ако имате висок крвен притисок, тврди овој лекар.

висок крвен притисок

Зошто?

Неодамна е утврдено дека постои голема поврзаност помеѓу резистенцијата на инсулин и покачениот крвен притисок. Имено, со едно истражување утврдено е дека околу 2/3 од испитаниците кои биле резистентни на инсулин имале покачен крвен притисок.

Затоа, ако имате висок крвен притисок, Д-р Меркола препорачува да ја намалите количината на житарици и слатки во исхраната, додека се нормализираат телесната тежина и крвниот притисок.

Како да си помогнете при покачен крвен притисок?

Главните природни методи кои ги препорачува овој лекар се следните:

Намалете ја консумацијата на храната која е богата со јагленихидрати и шеќер

Ако имате покачен крвен притисок, висок холестерол, дијабетес тип 2 или вишок на килограми, најверојатно јадете премногу житарици и храна богата со шеќери, како колачи, торти и сл. Знаеме дека тешко може да се откажете од консумацијата на леб со секој оброк, па за почеток пробајте да го замените со интегрален. И да, се препорачува консумирање на храна богата со јагленихидрати, но тоа треба да бидат житарици, леб, тестенини кои се направени од цело зрно. Од исхраната треба да се исклучат белите печива, тортите, сладоледите и колачите. Најдобро е храната која е богата со јагленихидрати да ја јадете во првиот дел од денот.

Консумирајте здрави масти

Не мора целосно да ги исклучите мастите од исхраната. Ограничете ја количина на заситени масти кои ги има во производите од животинско потекло. Наместо тоа, изберете намирници кои се богати со омега 3 масни киселини. Во исхраната вклучете масло од лен, 30 грама јаткасти плодови на ден, ленено семе и почесто јадете риба. За маслото од лен се знае дека го намалува холестеролот и високиот крвен притисок, а повеќе за тоа прочитајте тука. Квалитетното ладно цедено масло од лен произведува Фила, иновативна компанија која ленот го набавува од македонските полиња. Лененото семе и лененото масло може да се најдат во поголемите маркети низ Македонија. Исто така, може да ја посетите и онлајн продавницата, каде што може да купите ленено семе од 250 грама,  ленено масло од 250 мл и ленено масло од 500 мл по најповолни цени.

Одржувајте идеална телесна тежина

Истражувањата покажале дека умереното намалување на килограмите може да ви помогне за намалување на крвниот притисок. Затоа, ако имате вишок на килограми, пробајте да ги намалите. Прочитајте ги 5-те совети за слабеење кои мора да се почитуваат.

Совети плус:

  • Намалете го стресот
  • Редовно вежбајте, пешачете или возете велосипед
  • Практикувајте прошетки на сонце
  • Намалете го внесот на кофеин.

Ви препорачуваме да прочитате: Масло од лен за намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.

Сподели: