Со масло од лаванда до здраво тело и здрав дух 1

Со масло од лаванда до здраво тело и здрав дух – за чиста кожа без акни, здрава коса, лесен сон и против глабоволки

Со масло од лаванда до убавина која краде воздишки! Многумина ја нарекуваат лавандата „лек за сѐ“. Нејзините цветови поседуваат лековито дејство, а пред се антисептичко, противвоспалително и смирувачко. Лавандата е аналгетик, диуретик, антидепресив, антиреуматик, антитоксик, седатив, тоник, стимуланс. Етеричното масло од лаванда е едно од ретките кои на кожата може да се нанесуваат директно на кожата, а тоа е една од неговите предности.

Заради пријатниот мирис, етеричното масло од лаванда се употребува за изработка на парфеми, сапуни, купки и креми за лице. Се користи и за масажи, против стрес и делува поволно на нервниот систем. Токму затоа многу се користи во ароматерапијата. Маслото од лаванда е добар инсектицид, па може да ја заштити вашата гардероба од разните штетни бубачки и молци. Маслото од лаванда ја поттикнува регенерацијата на ткивата, а поради своето антисептичко дејство се користи за ублажување на рани и опекотини. Одлично е против убоди од инсекти, против габички, акни, псоријаза и други оштетувања на кожата.

Ако сте под стрес и потребно ви е да се опуштите, доволно е да турите неколку капки етерично масло од лаванда во топла купка, која претходно сте ја припремиле.

Ставете неколку капки етерично масло од лаванда на вашата перница и ќе заспиете лесно, затоа што лавандата е еден од најдобрите лекови против несоница.

Доколку имате проблем со главоболка или мигрена, доволно е да втриете неколку капки етерично масло од лаванда на слепоочниците. Со нежна масажа и од пријатниот мирис, главоболката ќе исчезне.

Со масло од лаванда до здраво тело и здрав дух 2

Масло од лаванда за лице

Етеричното масло или домашно припременото масло од лаванда може да се користи за нега на кожата на телото, а и на лицето. Влегува во состав на голем број креми, затоа што ја поттикнува регенерацијата на ткивата. Како антисептичко средство се бори против патогените микроорганизми кои предизвикуваат разни проблеми на кожата на лицето, а делува и смирувачки така што ги намалува иритациите на кожата.

Маслото од лаванда се препорачува за секојдневна нега на мрсна кожа, која е склона на акни и мозолчиња.  Има силно дејство против бактериите кои ги предизвикуваат акните и бубулиците, го регенерира лицето и ја смирува кожата од воспаленијата. Се што е потребно да направите е да додадете неколку капки етерично масло од лаванда во кремата која ја употребувате за лице, да ги измасирате нежно критичните точки и да го почекате резултатот.

Освен што е посебно корисно за масните типови кожа, маслото од лаванда е погодно и за останатите типови на кожа, а посебно е корисно во случај на дерматитис, екцеми, псоријази, црвенило.

Маслото од лаванда е одлично и за косата

Оштетувања, првут, опаѓање на косата, тоа се ситуации во кои може да сметате на помошта на маслото од лаванда. Втријте го во коренот во мала количина и нешто масирајте. Корисно е и како инсектицид против вошки, што посебно е важно за децата.

Маслото од лаванда длабински ги негува влакната, ја прави косата мека и сјајна, а може да ве ослободи и од првутот, затоа што пријатно влијае на кожата на главата. Можете да го додадете во шампонот, или да ја измиете косата со мешавина од маслото и вода.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите масло од лаванда?

Сподели: