Со овесна купка ублажете чешање од осипи и изгореници од сонце 1

Со овесна купка ублажете чешање од осипи и изгореници од сонце

Кој би рекол дека нешто толку лесно достапно како што е овесна купка може да значи голема помош во моменти кога е потребно? Да, можно е и многу едноставна е примената. Прочитајте ги деталите.

Овесот е одлична храна, која може да се консумира воразни комбинации, печива, десерти, како појадок во комбинација со јогурт или млеко. Има лесен вкус, а може да го ставате во шејкови, смуди и слично. Не содржи глутен, па може да го консумираат и оние кои се сензитивни на истиот.Освен што е корисна и здрава храна, неговата примена е голема и во козметичко-куративни цели. Овесната купка може да го ублажи чешањето од осипите на кожата, на пример оние во вид на екцеми, осипу предизвикани од коприви и отровен бршлен, а што е многу интересно делува доста позитивно и при опекотини од сонцето.

„Овесот содржи група на соединенија кои се нарекуваат авенантрамиди, кои го блокираат ослободувањето на хистамин и драматично го намалуваат црвенилото и чешањето.“ – вели доктор Tieraona Low Dog, автор на книгата Здрави дома: Оздравете и бидете здрави без препишани лекови/рецепти.

Со овесна каша ублажете го чешањето од осипи и изгорениците од сонцето 2

Потребно ви е:

  • 1 чаша овес
  • ¼ чаша сода бикарбона
  • Чисти здрави хулахопки.

Подготовка:

  1. Во чист сув сад измешајте ги состојките.
  2. Потоа, смесата ставете ја во хулахопките и заврзете ги добро.
  3. Припремете топла купка и во кадата потопете го овесот.
  4. Лежете 20-30 минути и повторете ако мислите дека има потреба.

Ви предлагаме да прочитате: Маски и купка од овес – решенија за сува кожа.

Сподели: