organska hrana 1

Со органска храна до помалку пестициди

Како родител, хранливите потреби за вашето дете сигурно ви се приоритет. Храната која ја јадат децата во нивните рани години може да има влијание врз навиките на исхрана во понатамошниот живот, па затоа е важно да се креираат добри навики и здрави врски со храната уште од најмала возраст. Секогаш предност дај и на свежата храна, од локални производители, а доколку имате можност одгледувајте или купувајте органска храна.

Придобивки од консумацијата на органска храна

Органската храна е богата со повеќе хранливи состојки во споредба со храната од неорганско потекло, а постојат повеќе причини зошто треба да го започнете вашиот органски живот уште денес:

  • органската храна го подобрува здравјето.
  • со консумацијата на органска храна се намалува внесот на токсини преку исхраната, со што ја потпомага детоксикација на организмот.
  • таа е богата со витамини и минерали, па нема потреба да се внесуваат дополнителни суплементи.
  • органските намирници имаат подобар вкус, па децата повеќе уживаат во храната.
  • ја намалува стапката на заболувањата како егзема, отежнато дишење и астма.
  • се подобрува менталното здравје, се намалува депресијата и се зголемува концентрацијата, со што децата постигнуваат подобри резултати во училиште.
  • децата се поенергични и полесно ги завршуваат дневните обврски.
органска храна

Истражувањата покажале дека количината на токсини кои ги внесуваат децата преку исхраната може да имаат значително влијание врз нивното здравје. Нивото на пестициди во урината на децата кои биле хранети со органска храна е впечатливо пониско од максимумот што го утврдила Агенцијата за животна средина. Тоа количество, исто така, изнесувало една шестина од количеството најдено кај децата кои биле хранети со класична храна. Кај децата на класичната исхрана најденото ниво било четири пати повисоко од официјалната безбедна граница.

Затоа, направете здрав избор! Одгледувајте и хранете се здраво.

Ви предлагаме да прочитате: Алкална храна за супер здравје и енергија.

Сподели: