ishrana pri zaboluvanja na prostata 1

Со правилна исхрана против заболувања на простата

Со проблеми со простатата најчесто се соочуваат поголемиот број на мажи меѓу 50 и 60 години. Важно е да се знае дека покрај советите од лекар, истите може да се ублажат на природен начин, со правилна исхрана и лековити билки. Најчесто се јавува зголемена простата, инфекции, а во најлош случај и канцер. Бенигната хиперплазија на простатата (зголемена простата) е толку честа што некои експерти ја сметаат за нормална појава кај мажите постари од 60 години.

При овој проблем се создава притисок на мочниот канал, па мокрењето е отежнато и мочниот меур слабее. Симптоми кои се јавуваат при проблеми со простата се:

  • често и отежнато мокрење (особено ноќе)
  • невозможност за целосно испразнување на мочниот меур
  • пецкање при мокрењето
  • болки во скротумот.

Овие симптоми не треба да се игнорираат, затоа што може да се влошат, да станат поболни и да предизвикаат компликации како инфекција на мочниот меур и бубрезите.

Нездравата исхрана, преголемата консумација на газирани пијалаци и алкохол може со текот на годините да ја влошат состојбата.

Здрави промени и исхрана за намалување на симптомите при заболувања на простатата

Прв чекор е да направите измени во исхраната. Два пати неделно се препорачува да јадете риба богата со омега 3 масти, како што е туната и лососот. Консумирајте органска соја и производи од соја кои се богати со фитоестрогени за кои се верува дека помагаат за намалување на производството на тестостерон, што е поврзано со намалување на развојот на рак на простата.

исхрана при заболување на простата

Домашниот сос од домати е многу корисен. Ставете го врз шпагети, јадете свежи домати или редовно пијте сок од домати. Истражувањата покажале дека само две порции домати може многу да помогнат во намалување на ризикот од рак на простата, како и при други проблеми.

Покрај тоа консумирајте јадења од коприва, свеж лук и грицкајте ореви и бадеми.
Повремено јадете:

Имајте во предвид дека ви е потребна и храна која е богата со цинк (кој го има во некои од споменатите намирници) и пијте 8 чаши вода на ден.

Ви предлагаме да прочитате: 7 здравствени придобивки од внесот на цинк.

Сподели: