бели алишта

Со природни намирници до чисти и бели алишта

Сите посакуваме белите алишта да останат совршено бели со текот на времето. А колку често ви се случило да си купите совршен бел фустан или бели панталони и во моментот кога ќе излезете надвор дамките како да се лепат на истите сосема незабележливо? Ако вашите бели алишта изгледаат како да го изгубиле својот сјај, следните природни намирници ќе ви помогнат да ја вратите убавата боја.

Избелувачите кои се продаваат во маркетите содржат голем број на хемикалии кои се штетни за природата и најчесто не се безбедни за употреба. Колку почесто користиме избелувач толку повеќе штета правиме на својата околина и здравјето. Оцетот, лимонот и содата бикардбона традиционално се користат при перењето на облеката, а не содржат штетни хемикалии и се многу ефикасни.

бели алишта

Оцет за враќање на сјајот на белите алишта

Оцетот претставува раствор која се добива од вода и концентрирана оцетна киселина. Оцетот најголема примена наоѓа во кулинарството, може да послужи за чистење и перење на облеката.

Оцетната киселина ги раствора остатоците на детергент и сапун без да ја оштети ткаенината, а ги освежува боите на алиштата. За да ги отстраните дамките на белата облека потребно е да додадете една чаша дестилиран оцет во голем сад полн со вода. Садот ставете го на шпорет и оставете го да зоврие. Потоа, тргнете го од шпоретот, оставете го малку да се излади и додајте ја белата облека. Оставете ја облеката преку ноќ, а другиот ден исперете ја во машината за алишта како и вообичаено.

Сода бикарбона за отстранување на дамки на белите алишта

Содата бикарбона е алкална и затоа е добро средство за перење на облеката. Лесно ги раствора маснотиите и валканите површини во водата. Освен тоа што ги отстранува дамките, исто така го елиминира непријатниот мирис на облеката.

Едноставно додајте пола шолја сода бикарбона во вашиот детергент кога ја перете белата облека. Доколку облеката на вашите деца е извалкана со восочни бои, во врела вода додајте сода бикарбона и оставете ја облеката некое време во неа. Потоа, облеката исперете ја како и обично.

Ви предлагаме да прочитате: Лимон за совршено бели алишта.

Сподели: