Со сок од зеленчук и добри напитоци до витка линија

Ако сакате да намалите телесна тежина, да го одржите телото во витка форма и истовремено да сте полни со енергија, вистински избор за освежување и телесно оформување е витамински сок од зеленчук!

Најдобар напиток за организмот, а посебно додека сте на диета е водата. Треба да имате предвид дека и течностите (соковите, алкохолот и сл.) имаат калории. Доколку сакате да ослабите тие течни калории не ви се потребни, бидејќи нема да ве заштитат од глад, туку само ќе ви донесат „празни“ калории.

Чаша сок од јаболко содржи 114 калории, а потребни се 4 јаболка за да се добие таа количина на сок. Доколку сакате јаболка, најдобро е да ги јадете свежи.

Доколку не е свежо исцеден, сокот од портокал може да содржи голем број на адитиви и конзерванси. Затоа и во оваа варијанта најдобро е да се послужите со свежо овошје.

Единствен исклучок од овие правила кои важат за сокови, се однесува на пијалоците од зеленчук, бидејќи тие можат да ви помогнат во губење на телесната тежина, според една анкета спроведена во САД на колеџот Бејлор. Кога истражувачите спроведиле диета на 81 лице кое пати од дебелина (гојазност), чиј режим на исхрана изобилувал со овошје, зеленчук, житарки и месо со малку маснотии било утврдено дека луѓето кои конзумирале секој ден по една чаша сок од зеленчук во период од 3 месеци, изгубиле 1,5 килограм повеќе во споредба со другите кои биле на ист режим на исхрана, само што не пиеле сок од зеленчук. Научниците заклучиле дека сокот од зеленчук, на некој начин ги заштитил испитаниците од глад и им овозможувал чувство на ситост, па јаделе помалку од другата храна.

Сокот од зеленчук има многу малку калории кои лесно можат да се вклопат во секој план на исхрана. Чаша од 220 милилитри полна со сок од зеленчук со низок процент на натриум има само околу 50 калории, а една чаша сок од домати има 41 калории.

Изберете го вашиот омилен сок од зеленчук и уживајте во здравите и нискокалорични пијалаци.

сок од зеленчук за витка линија - слабеење

Ви препорачуваме да прочитате: 7 напитоци за слабеење и фит тело.

Сподели: