Спасете се од старечки пеги со природни третмани

Спасете се од старечки пеги со природни третмани

Преголемото изложување на силните сончеви зраци во текот на животот, посебно во постарите години доведува до појава на старечки пеги, иако кај младите луѓе може да се појават исто така. Добра вест е што, природата ни подарила природна помош за домашно третирање на старечките пеги и нивно ублажување или елиминирање.

Спасете се од старечки пеги со природни третмани

Сок од лимон

Ова здраво растение има незамисливо голема корист во природната козметика, бидејќи благо ја избелува кожата. Доволно е силен да го третира оштетениот надворешен дел на кожата, а тоа помага во избелување на старечките пеги и здравата и свежа кожа доаѓа до израз. Сокот од лимон може да се нанесува два пати дневно на местата со пеги, а резултатите ќе бидат видливи за неколку седмици.

Јогурт и мед

Јогуртот и медот се природни избелувачи и затоа се идеални против пеги. Врз старечките пеги нанесете смеса направена од 1 лажичка јогурт и лажичка мед барем еднаш дневно. Оставете да делува околу 30 минути, додека се исуши потполно. Потоа, измијте ја кожата со ладна вода. Повторувајте ја постапката додека забележите резултати.

Сок од ананас

Сокот од ананас го содржи ензимот бромелаин и делува така што ги отстранува мртвите клетки на кожата и стимулира изградба на нови. На овај начин, бојата на кожата станува поизедначена, а пегите помалку видливи. Местото на кое имате пеги, третирајте го на следниот начин: парче памук натопете го со природен и нерастворен сок од ананас, а откако сте нанеле на местото каде имате пеги, оставете да стои 20 минути, па со млака вода измијте го лицето/рацете или било кој друг дел кој сте го третирале. Постапката повторувајте ја секој ден, а резултатите ќе може да ги видите по 7-10 дена.

Сподели: