срца од вино 1

Срца од вино за романтичен Св. Валентин и Св. Трифун

Се ближи 14 февруари, ден кога некои ќе го слават православниот празник Св. Труфин, некои ќе го слават католичкиот празник на вљубените Св. Валентин, а дел ќе се обидат да направат спој. Ако вие сте од оние што ќе ја слават љубовта и виното, сигурно веќе размислувате за подарок или изненадување за вашиот партнер. Ви предлагаме да направите срца од вино и убаво завиткани да му ги подарите на вашиот сакан.

Можете да ги направите со црно или бело вино, а состојките и начинот на подготовка ветуваат брз и лесен рецепт. Нека започне славењето на љубовта и виното!

срца од вино

Состојки:

  • 250 мл вино
  • 4 лажици желатин
  • ½ кафена лажичка мед
  • 2 – 4 лажици јаворов сируп.

Подготовка:

  1. Во тава на оган, на ниска температура ставете го виното да се загрее.
  2. Потоа, во тавата додајте го желатинот и промешајте со жица за матење. Кога желатинот целосно ќе се раствори, во тавата додајте ги медот и јаворовиот сируп.
  3. Истурете ја смесата во силиконски калапи во форма на срце, а потоа ставете ги во фрижидер за време од 2 до 3 часа за да се стегнат.
  4. На крај, изладените срца од вино извадете ги од калапите. По желба можете да ги наросите со шеќер, па послужете се или спакувајте ги во уникатна амбалажа и подарете ги со многу љубов.

Ви предлагаме да прочитате: Креативни идеи од храна за романтичен Св. Валентин.

Сподели: