Потопете ги стапалата во јаболкова киселина и видете го ефектот 1

Потопете ги стапалата во јаболкова киселина и видете го ефектот

Доволно ви е само половина час за да почувствувате фантастична разлика. Постојат многу начини за да ја искористите незаменливата јаболкова киселина за подобро здравје, а малкумина го пробале овој трик. Потопете ги стапалата во јаболкова киселина и видете го ефектот!

Не ви е потребно многу време, ниту пак треба да трошите пари. Само неколку нешта ви се потребни и ќе почувствувате видлива разлика. Јаболковата киселина како народен лек се користи за лекување на секакви болести, од грип до брадавици. Многу од нејзините придобивки се уште не се докажани, но некои експерти мислат дека консумирањето на мала количина од јаболковата киселина може да ви го подобри здравјето. Можете да ја направите и дома, а повеќе за нејзината корист можете да прочитате тука.

Потопете ги стапалата во јаболкова киселина и видете го ефектот 2

Потребно:

  • Топла вода
  • 1 шолја јаболкова киселина
  • Поголем пластичен сад за употреба во бања.

Подготовка, начин на употреба и делување:

  1. Наполнете 2/3 од садот со вода, а потоа додајте ја јаболковата киселина.
  2. Убаво промешајте и потопете ги стапалата.
  3. Во оваа мешавина држете ги стапалата најмалку 30 минути, а потоа измијте ги со ладна вода.
  4. Оваа купка ќе ги оживее сувите делови на кожата од стапалата, ќе ви помогне доколку имате проблем со габични инфекции, ќе ги ублажи знаците на стареење и ќе ги опушти мускулите на целото тело.

Ви препорачуваме да прочитате: Природно средство против акни со јаболкова киселина.

Сподели: