Стевиа – безкалорична природна алтернатива за белиот шеќер 1

Стевиа – безкалорична природна алтернатива за белиот шеќер

Stevia rebaudiana или стевиа засладувачот, претставува одлична замена за белиот шеќер.  Природна е и без калории, а поради нејзините извонредни карактеристики се користи стотици години наназад. Уште се нарекува „сладок лист“, прочитајте зошто.

Стевиата потекнува од Јужно Американскиот континент, најточно од Парагвај и Бразил каде традиционално се користи како засладувач на пијалаци и во чаеви. Терминот „стевиа“ се однесува на цело растение и неговите компоненти (не сите се слатки). Додека во оваа содржина, под тој термин ќе зборуваме за користа на „стевиол гликозидите“ кои се изолираните  и прочистени слатки компоненти од лисјата на растението.

Стевиа – безкалорична природна алтернатива за белиот шеќер 2

Клучни и интересни факти за стевиата

  • Стевиата е многу послатка од белиот шеќер.  Растението е послатко за 10-15 пати, а  екстрактот може да биде 250-300 пати посладок од шеќерот.
  • Екстрактот од стевиа може да се приманува во разни прехранбени производи како што се енергетски плочки, чоколади, протеинси напитоци и некои чаеви.
  • Бидејќи стевиата е многу послатка од шеќерот, се употребува во помали количини. За да дознаете како најдобро да ги претворите дозите и тоа да биде точно, кликнете тука.
  • Стевиата не станува кафеава под дејство на температура, односно не карамелизира како што се случува со шеќерот.
  • Нема калории, но тоа не подразбира дека вие ќе изгубите на телесна тежина ако го замените шеќерот.
  • Лисјата од стевиа содржат калиум, цинк, магнезиум и витамин Б3.
  • Кога станува збор за нутритивните факти, околу 10.77% од нејзиниот состав припаѓаат на растителните влакна, што овозможува да помага при констипација и промовира правилна дигестија.
  • Друга интересна придобивка од стевиата е користа за крвта. Содржи 702 ppm на железо, кое го стимулира производството на хемоглобин.
  • Не е опасна по здравјето доколку се употребува во препорачани дози.

Кога стевиата може да помогне?

  • При дијабетес, не влијае на крвниот шеќер и на инсулинскиот одговор.
  • При дебелина или желба за намалување на телесната тежина, бидејќи нема дополнителни калории.
  • Добра е за метаболизмот, не прави негативни промени.
  • Има антиоксиданси, па заштитува од рак на панкреасот.
  • Не презивкикува алергии.
  • Погодна е и за деца, со цел да се избегнат непотребни калории.
  • Слободно може да ја користат бремени жени и доилки.

Уживајте во омилените слатки вкусови, но отсега со многу помалку калории.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 најдобри замени за белиот шеќер.

Сподели: