сусам

Сусам – семе на младоста и борец против лошиот холестерол

Дали знаете дека сусамот во исхраната се користел уште 1500 години п.н.е од старите Еѓипјани? Се смета дека малите семчиња од сусам со богат вкус и арома се најстариот зачин кој му бил познат на човекот. Сусамот многу често се користи во азиската кујна, а на јадењата му дава јаткаст и деликатен вкус. Најпознати јадења кое се прават од сусам е таанот – тахини паста и прекрасната алва.

Еве зошто е добро да јадете сусам

Сусамот е богат со растителни влакна, витамини и есенцијални минерали како бакар, манган, калциум, магнезиум, селен, железо, фосфор, цинк, молибден и витамин Б1. Особено значајно е тоа што сусамот во својот состав содржи две состојки: сезамин и сезамолин, кои припраѓаат во групата на специјални растителни влакна, познати како лигнани. Овие две состојки имаат ефект за намалување на холестеролот во крвта, превенирање на висок крвен притисок, а сезаминот го штити црниот дроб од оштетувањето предизвикано од слободните радикали.

Се смета дека семето од сусам има голем број на здравствени придобивки како што се:

  • го подобрува здравјето на коските и превенира појава на остеопороза
  • позитивно влијае за здравјето на забите и спречува крварење на непцата
  • се бори против штетните радикали
  • поседува антиканцерогени својства
  • делува антиинфламаторно и го подобрува расположението.

Благодарение на состојките кои ги содржи, сусамот го успорува процесот на стареење, а маслото кое е високо ценето во светски рамки го намалува лошиот холестерол, помага при регулирање на крвниот притисок и го намалува ризикот од некои видови на канцер. Сусамовото масло во народната медицина се користи за лечење на болести кои што се поврзани со згрутчување на крвта.

сусам

5 супер идеи кои ќе ви помогнат почесто да користите сусам во исхраната

За да ги искористите неговите состојки и да го подобрите здравјето, ви предлагаме неколку идеи за почесто да го употребувате сусамот во исхраната:

  • следниот пат штом правите домашен леб, грицки, колачиња или мафини, додајте сусам во тестото.
  • сусамот одлично се комбинира со обарена брокула, која е попрскана со свежо цеден сок од лимон.
  • направете тахини паста, нанесете ја на парче леб и консумирајте го за појадок или ужина.
  • сусамот може да го додадете во јадења со соја сос, мелен лук во салати, зеленчук и тестенини.
  • припремете динстано пилешко месо со сусам, соја сос, лук и ѓумбир.

Сподели: