сушени домати во рерна 1

Сушени домати во рерна со маринада

Топлото летно време има и свои позитивни страни, а една од нив лесната достапност и ниските цени на овошјето и зеленчукот. Ако сте љубители на доматите и сакате во него да уживате и во зима, направете си сушени домати со маслиново масло.

Сушените домати совршено се комбинираат со тестенини, месо, риба и салати. Можете да ги исушите и во вашиот двор, во лето кога температурата е висока, а ако немате услови, тоа може да го направите и во рерна.

Состојки:

  • 1 кг зрели домати
  • крупна морска сол.

За маринада:

  • ладно цедено маслиново масло
  • свеж босилек
  • 3 чешлиња лук
  • 3 стапчиња мајчина душица
  • 2 стапчиња оригано
  • 2 стапчиња рузмарин.

Подготовка:

  1. Изберете домати со еднаква големина. Измијте ги и пресечете на половина по должина.
  2. Отстранете им ги семките, а потоа наредете ги во тава, обложена со хартија за печење.
  3. Доматите попрскајте ги со сол по вкус и ставете ги во загреена рерна на 95 степени за да се сушат. Времето на сушење е во зависност од големината на доматите и количеството на вода во нив, а потребни се околу 7 часа. Помалите домати се сушат за пократко време.
  4. Кога ќе се исушат се оставаат да се изладат.
  5. Исушените домати се ставаат во тегли, а помеѓу нив се става од лукот, босилекот и преостантите зачини. Во теглата се додава масло за да ги прикрие доматите. Теглите се затвораат и се чуваат на ладно и темно место, а најдобро во фрижидер. Припремените сушени домати искористете ги во рок од 1,5 од 2 месеци.

Сподели: