bitfest 2017

Сѐ за храна ве поканува на креативната работилница „Со боите на храната креираме уметност“

Во рамките на Битфест 2017, Сѐ за храна ве поканува на креативната работилница „ Со боите на храната креираме уметност“. Истата ќе се одржи на 27.06.2017 година, со почеток од 19:00 часот, во Магазата во Битола.

Посетете го или вклучете се и бидете дел на нашиот несекојдневен настан! Ќе може да креирате, да научите нешто ново и да ги погледнете уметничките и креативни дела направени со храна. Поканети се сите креативци од најмала возраст. Ова ќе биде супер можност да ја развиеме креативноста на сите, особено на децата со цел да ги мотивираме да јадат здрава храна.

Вака изгледаа дел од креациите, изложени на претходната работилница:

Чоколадна топка, со рачно изработени чоколадни ѕвезди

торта за креативна работилница

Букет од моркови, нане и копар

букет за креативна работилница

Ќука торта

torta za kreativna rabotilnica

На настанот ќе може да погледнете мозаици креирани од храна и да учествувате во нивната изработка, ќе цртаме со боите со храната, ќе изработуваме декоративни украси, ќе ви претставиме како може да се рециклираат пластичните шишиња и другите пакувања и предмети од домаќинството, со цел да се добијат уникатни уметнички дела.

Креативната работилницата ќе се одржи во вторник, на 27.06.2017 година, со почеток во 19:00 часот, во Магазата во Битола. Ве очекуваме!

Ви предлагаме да прочитате: Фото конкурс и изложба на фотографии „Здрави креации во твојата чинија“.

Сподели: