Food Talk Macedonia 1

Сѐ за храна на првата регионална конференција за храна

Food Talk Macedonia! – Првата регионална конференција за храна ќе се оддржи во петок на 18-ти септември во спектакуларниот амбиент на ресторанот “Кањон Матка“ кој се наоѓа на самиот брег на езерото Матка и кој е една од најголемите туристички атракции во Македонија.

Креатори на гастрономски специјалитети од Македонија, готвачи, сопственици на ресторани, винарии, гастро-блогери, водители и други експерти од оваа област, гости од регионот, сите на едно место.

Food Talk Macedonia

На панелот во кој ќе земат учество гастро-блогери и љубители на вкусното залче, ќе бидат презентирани идејата за почетоците на Сѐ за храна како и размислувањата за храната во интернет просторот.

Специјален гостин на оваа регионална конференција, која за првпат се организира во Македонија е познатиот балкански мајстор на кујната Оливер Млакар кој по 26 години повторно доаѓа во Македонија. Комплетната програма и учесниците може да ги погледнете тука.

Сподели: