саем здруженија битола

Сѐ за храна учествуваше на Саем за волонтеризам 2016

Во просториите на Техничкиот Факултет во Битола, на 26-ти Октомври (среда) од 12:00 часот до 19:00 часот, се одржа Саем за Волонтеризам 2016 во организација на Американското Катче Битола и Амбасадата на САД во Македонија. На овој саем учество зедоа 11 невладини организации од Битола и регионот, а беше претставена и работата на локалните волонтери на Мировен Корпус, кои ги презентира своите волонтерски можности и споделија нивни успешни приказни и проекти.

Граѓанските организации на посебни штандови ги претставија своите проекти, планови и активности. Саемот беше отворен за сите заинтересирани, а особено младите луѓе – средношколци, студенти и млади професионалци, кои на овој Саем има можност да се запознаат со актуелните волонтерски можности во Битола, регионот и Европа.

саем за волонтеризам битола

Претставниците на Сѐ за храна, на штанд ги презентираа тековните проекти, активности и преку работилница ги запознаа младите заинтересирани лица со мисијата, целите и можностите за нивно вклучување на семинари, обуки и хуманитарни акции.

Овој настан придонесе претставниците на здруженијата да се запознаат меѓу себе и да започнат соработка во идни проекти. Штандот беше посетен од голем број на млади и претставници на здруженија и им беше поделен промотивен материјал.

Ви предлагаме да прочитате: Гостување на sezahrana.mk во утринската ,,Ја сакам Македонија“ по повод „Светскиот ден на храната“.

Сподели: