Рецепт за популарната телешка рагу чорба

Телешката рагу чорба која изобилува со многу зеленчук и коцки месо е идеална за ладните есенски и зимски денови. Ќе ве загрее и ќе ви даде енергија! Многу е популарна низ светот, а сега ќе имаме можност да ја дегустираме по едноставен рецепт од Лана, која ја објави на блогот Kuhinjica Mignone.  

За љубителите на пикантни вкусови има предлагаме во чорбата да додадат малку лута пиперка. А на крајот од варењето може да се додадат два пасирани свежи домати или сок од домати.

телешка рагу чорба

Состојки:

  • 300 грама телешко месо од бут
  • 1 главица кромид
  • ½ страк праз
  • 1 морков
  • 1 пашканат
  • 1 чешне бел лук
  • 1 лажица пире од домати
  • листови целер
  • сол
  • црн пипер во зрно
  • лаворов лист
  • магдонос.

Подготовка:

  1. Кромидот и лукот исечкајте ги на ситни коцки. Морковот и пашканатот исечете ги на мали кругови.
  2. Во тенџере на оган на умерена температура ставете масло да се загрее. Месото исечете го на коцки и запржете го во загреаното масло да зарумени од сите страни.
  3. Исчеканиот кромид пропржете го заедно со месото. Додајте го исчеканиот праз, лукот и круговите морков и пашканат.
  4. Во тенџерето додајте ги сите зачини по вкус и налејте 1,2 литри вода. Варете ја чорбата на умерена температура додека месото и зеленчуците омекнат, за време од 1,5 час.
  5. На крајот, пробајте ја чорбата и во потреба зачинете ја. Варената телешка рагу чорба ставете ја во чинии, наросете ситно сечкан магдонос и послужете ја додека е топла. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Лесен рецепт за телешки гулаш.

Сподели: