шницли во сос од шампињони

Телешки шницли во сос од печурки

Еве еден добар предлог за вкусен неделен ручек објавен на блогот Kuhinica Mignone oд нашата пријателка Лана. Секогаш им се восхитувавме на убаво приготвените телешки шницли во сос од печурки по рестораните, па сега имаме рецепт и може да ги направиме и дома.

Рецептот е едноставен и полесен од колку што мислите. За малку време ќе имате совршен ручек за целото семејство.

телешки шницли во сос од печурки

Состојки:

  • 600 грама телешко месо
  • 2 главици кромид
  • 1 морков
  • ½ корен од целер
  • 500 грама шампињони
  • сол
  • црн пипер
  • 1 мала лажичка нишесте
  • 100 грама сланина по желба
  • 100 мл црно вино по желба.

Подготовка:

  1. Телешкото месо исечете го на мали шници, зачинете го по вкус и кратко пропржете го на масло од двете страни. Потоа извадете го чинија.
  2. Во тавата во која се пржеше телешкото месо додајте ги сечканиот кромид, морков и целер и пропржете ги.
  3. Потоа вратете ги шницлите, зачинете и ставете малку вода колку да го покрие месото во тавата. Динстајте додека месото и зеленчуците омекнат, за време од 40 минути.
  4. Шампињоните исечете ги на листови, додајте ги во тавата со месото и продолжете со динстање за време од 20 минути. На крајот од варењето, нишестето разматете го во малку ладна вода и додајте го во тавата. Мешајте додека сосот се згусти.
  5. Готовите телешки шницли во сос од печурки послужете ги со кисела павлака, пире од компири или ориз.
  6. За пикантен вкус, зеленчукот може да се пропржи со коцки сланина. Исто така на половина од варењето може да му се додаде 100 мл црвено вино, кое на месото и сосот ќе му даде убава арома.

Ви предлагаме да прочитате: Печено полнето телешко месо.

Сподели: