Тестенини со болоњезе сос и грашок

Штом се спомне комбинација на мелено месо и сос веднаш пред очите се појавува асоцијација на превкусен оброк за тестенини со болоњезе сос. Толку сочен и богат вкус, рај за очите и за душата. Убави за да ги јадеме со семејството, пријателите, роднините, колегите, зашто нема кој не ги сака вака подготвените тестенини!

тестенини со болоњезе сос

Состојки:

  • 250 – 300 гр тестенини (во случајот се теснини од гриз од тврда пченица)
  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 150 гр грашок од конзерва
  • 1 кесичка болоњезе сос
  • 1 рамна лажица мешан сув зачин
  • 1/2 лажиче чубрица
  • сол, црн пипер и оригано по вкус.

Подготовка:

  1. Во зовриена вода ставете ги тестенините да се варат, а потоа исцедете ги.
  2. Кромидот изрендајте го и заедно со меленото месо ставете го да се пржи во малку масло. Откако течноста ќе испари, додадете ги зачините и грашокот од конзерва, па динстајте уште кратко време.
  3. Подгответе го болоњезе сосот спрема упатството на кесичката, а потоа додадете го во садот со месото и грашокот. Мешајте додека ја добиете посакуваната густина за сос.
  4. Тестенините сервирајте ги во 4 чинии и од одозгора обилно ставете од сосот. Служете топло и уживајте во вкусот на болоњезе.

На здравје!

Сподели: