Тестенини со зелен сос 1

Тестенини со зелен сос

Кога имате добар сос, сѐ останато е лесно! Сосот ќе го направи оброкот прекрасен и обичните тестенини ќе станат многу вкусни и симпатични. Па, ајде да ги пробаме овие интересни тестенини со зелен сос. Одлични се, ние ги вкусивме и уживавме!

Одлично е што сосот можете да го користите и како додаток кој може да му даде прекрасен вкус на оризот, на печените компири или на некоја едноставна салата.

Тестенини со зелен сос 2

Состојки:

  • 250 гр спирални тестенини (по желба може да замените со макарони)

За зелен сос:

  • 3 чаши свеж спанаќ (а доколку сакате може да 1 од чашите спанаќ да ја замените со свеж босилек)
  • 3-4 чешниња лук
  • 1/4 чаша ореви и индиски ореви
  • 120 грама тофу
  • 2 лажици вода
  • 1/2 лажица сол

За сервирање:

  • малку пармезан за поросување.

Подготовка:

  1. Најпрво на оган ставете да зоврие вода со малку сол, а откако ќе зоврие ставете ги тестенините да се варат за времето кое е означено на паковањето.
  2. Потоа исцедете ги и ставете ги во поголем сад.
  3. Во меѓувреме подгответе го сосот. Се прави многу лесно, така што ги ставате сите состојки во блендер и ги соединувате. Во секој случај, спанаќот измијте го и исечете го на парчиња. Лукот излупете го и исечете го на ситни парчиња, исто така. Оревите и индиските ореви исечкајте ги доколку има потреба. Сечкањето на намирниците не е неопходно ако имате добар бледер. Важно е состојките да се соединат во убава и хомогена смеса, а тогаш сосот е готов.
  4. Исцедените тестенини измешајте ги со сосот и сервирајте ги во чинии. За декорација и дополнување на вкусот поросете со малку пармезан. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за песто сос – прилог за тестенини.

Сподели: