Тестенини со тиквички и туна 1

Тестенини со тиквички и туна

Одличен спој на вкусови! Ако сакате брзо и лесно јадење кое убаво ќе ве нахрани, предлагаме да го пробате рецептот за тестенини со тиквички и туна.

Можете да ги подготвите за ручек или вечера, а веруваме дека ќе бидат вкусни за целото семејство. Пробајте ги, Невена секогаш готви одлични нешта!

Тестенини со тиквички и туна 2

Состојки:

  • 250 гр спирални тестенини или макарони
  • 2 мали (околу 250 – 260 гр) тиквици
  • 1 конзерва од туна
  • 1 мало парче кромид
  • 1-2 лажици капари по желба
  • вода и сол за варење на тестенините по потреба
  • масло за пржење на тиквичките по потреба.

Подготовка:

  1. Најпрво на оган ставете да зоврие вода со малку сол, а откако ќе зоврие ставете ги тестенините да варат за времето означено на паковањето.
  2. Потоа исцедете ги и ставете ги во поголема чинија за сервирање.
  3. Во меѓувреме тиквичките исечете ги на кругови од 2-3 мм и пржете ги во загреано масло од двете страни да добијат кремаста боја. Кога сите се испржени додајте ги во тестенините.
  4. Додајте ја и туната, претходно исцедена од маслото и измешајте.
  5. По вкус додајте црн пипер и сол.
  6. Вака подготвените тестенини се спремни за служење. Може веднаш да ги послужите или покриени да ги оставите да се изладат во фрижидер и да ги јадите како ладна паста. Одозгора над тестенините ставете по малку исечкан кромид и доколку имате неколку зрна капари. Тие на јадењето му даваат лесен, освежителен вкус.

Рецептот го испратил:  Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Тестенини со туна и сос од зеленчук.

Сподели: