тирамису мафини 1

Тирамису мафини

Една слика, 1000 зборови за малку поразлично тирамису! Тоа е најдобиот опис за превкусните тирамису мафини кои ги направи Лидија, а многу добро е што несебично го сподели рецептот со сите нас, па и ние ќе можеме да уживаме во нејзиниот фантастичен предлог за десерт!

Тирамису или на италијански Tiramisù е еден од најпопуларните десерти кој потекнува од Италија. Овој светски познат десерт е познат по интензивниот вкус на кафе во кое се натопуваат бисквити, кои потоа се филуваат со фил припремен од матени јајца, шеќер и маскарпоне, а на крај врз десертот се наросува какао. Комбинацијата на овие состојки го прават овој рецепт толку вкусен и специфичен.

тирамису мафини

Состојки:

За мафини (12 до 16 мафини):

  • 100 г путер или маргарин
  • 180 г шеќер
  • 2 јајца
  • 200 мл млеко
  • 120 г брашно
  • 2 лажички печиво
  • 4 лажички ванилин шеќер
  • јако кафе, цедено и ладно
  • какао за наросување

За маскарпоне крем:

  • 200 г маскарпоне или крем сирење
  • 50 г путер собна температура
  • 1 лажица ванилин шеќер
  • 250 г шеќер во прав.

Подготовка:

  1. Најпрво стопете го путерот, а потоа убаво изматете ги јајцата со шеќерот.
  2. Откако се формира густ крем додајте ги млекото и путерот. Измешајте добро, па додајте ги брашното, печивото и ванилата, па полека измешајте повторно.
  3. Корпињата ставете ги во калап за мафини, а потоа наполнете ги.
  4. Печете на 175 степени додека добијат убава боја и се печени внатре (боцнете со чепкалка за проба). Печените мафини се оставаат убаво да се изладат.
  5. Продолжете со подготовка на маскарпоне кремот. Со помош на миксер убаво измешајте ги сирењето и путерот, а потоа додајте ги шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Со миксерот мешајте полека, за да се добие убав крем, а потоа ставете го во фрижидер.
  6. Ладното кафе се турете го во мала длабока чинија и откако внимателно ќе ги отстранете корпињата од мафините, секое колаче макнете го во течноста, така што половина од колачето се мака во кафето околу 2 секунди и се вади веднаш, за да не впие многу течност.
  7. Така припремените тирамису мафини се редат во чинија за сервирање, а врз нив се шприца ладниот крем и се поросува со какао и со сечкани бадеми.

Сподели: