тоник со јаболкова киселина против настинки и грип

Тоник со јаболкова киселина кој помага против настинка и грип

Овој тоник со јаболкова киселина е одличен лек против настинка, грип, болно и воспалено грло и за зајакнување на имунитетот. Има антивоспалтелно, антибактериско и антивирусно дејство и ја подобрува циркулацијата во секој дел од телото.

Станува збор за стар рецепт кој потекнува уште од средниот век. Па, подгответе си го и уверете се во неговата лековитост. Постапката е многу лесна и едноставна, а состојките лесно достапни и добро познати на сите по своите лековити моќи.

тоник со јаболкова киселина

Состојки:

  • 450 мл органска јаболкова киселина
  • 1/8 чаша сечкан лук
  • 1/8 чаша сечкан црвен кромид
  • 1 лута пиперка
  • 1/8 чаша рендан ѓумбир
  • 1 лажица рендан рен
  • 1 лажица куркума.

Начин на подготовка и чување:

  1. Во блендер ставете ги сите состојки. Миксирајте ги неколку минути. Добиената смеса процедете ја, а сокот ставете го во стаклен сад.
  2. Овој напиток можете долго да го чувате на темно и суво место. По желба чувајте во фрижидер.

Начин на употреба:

  • За болно и воспалено грло земете мала количина од тоникот во усната празнина, направете гаргара па проголтајте го.
  • Против настинка и грип земајте по 1 лажица тоник на неколку часа во текот на денот.
  • За подобрување на имунитетот консумирајте по една полна лажица тоник секој ден.

Совет плус: После консумацијата на тоникот се препорачува да се изеде едни парче лимон или портокал. Овој тоник можете да го користите и како дресинг за салати, само пред употреба промешајте го со малку маслиново масло.

Ви препорачуваме да прочитате: Природен сируп за смирување на сува кашлица.

Сподели: