топено сирење со тиквички 1

Топено сирење со тиквички

На пазарите преку текот на целата година се нудат различни овошја и зеленчуци, но сезонските производи се најдобри. Еден од раните зеленчуци се тиквичките, кои имаат мал број на калории, изобилуваат со витамини и минерали, а често пати се препорачуваат при диети, здрава исхрана и исхрана при одредени заболувања.

Нивниот карактеристичен мек вкус нуди разновидни можности за подготовка. Една нова комбинација на топено сирење и тиквички, пронајдовме на блогот Trydiani. Топеното сирење со тиквички може да го послужите како мезе со солени бисквити, крекери или чипс.

топено сирење со тиквички

Состојки:

  • 1 тиквичка со средна големина
  • ½ чаша моцарела
  • ¼ чаша сирење
  • ¼ чаша рендан пармезан или биено сирење
  • 1 јајце
  • 2 супени лажици млеко/павлака
  • млад кромид (белиот дел)
  • 1 чешне лук
  • 1 мала лажичка скроб (нишесте)
  • 1 лажица свежи зачини – копар, нане или други зачини по желба
  • сол и пипер по вкус
  • пармезан за поросување.

Подготовка:

  1. Тиквичката излупете ја и изрендајте ја. Ставете ја во сад, посолете и оставате ренданата тиквичка да отстои за време од 20 минути. Потоа тиквичката исцедете ја и ставете ја во длабок сад.
  2. Моцарелата и сирењето изрендајте ги или ситно издробете ги.
  3. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
  4. Во садот со тиквичката додајте ги сирењето, моцарелата, јајцето, млекото и скробот. Измешајте и додајте ги исечканиот кромид, лук и зачините.
  5. Измешајте ја смесата добро, посолете и наросете црн пипер по вкус. Потоа ставете ја во керамички сад за печење. Печете во загреена рерна на 175 минути за време од 20 минути.
  6. Садот извадете го од рерна и над него посипете со ренданиот пармезан, а наместо пармезан по желба може да користите кашкавал. Садот ставете го повторно во рерна и печете околу 3-5 минути, додека зарумени. На здравје!

Сподели: