Топло ладен колач - лава колач.

Топло ладен колач – лава колач

Сигурни сме дека ќе уживате во божествената арома! Чоколадниот лава колач се топи во уста и е вреден за секоја добиена калорија! Буди неопишлива желба да го пробате, а сега за да го вкусите не мора да одите во ресторан, туку можете да се послужите себе и семејството секогаш кога ќе посакате.

Повелете испробан рецепт за лава колач кој уште е познат како топло ладен колач.

Топло ладен колач - лава колач

Состојки:

  • 2 јајца
  • 2 жолчки
  • 100 гр шеќер во прав
  • 6 лажици брашно
  • 100 гр маргарин за топење и уште малку дополнително за мачкање на калапите
  • 120 гр чоколадо за готвење
  • топка сладолед за сервирање.

Подготовка:

  1. Додека се подготвува смесата за печење, рерната се затоплува на 180 степени.
  2. Најпрво со миксер се матат двете јајца и двете жолчки, потоа со нив се мати и шеќерот во прав. Откако тие се соединат се додава брашното.
  3. Настрана се топи маргаринот со чоколадото за готвење и кога се готови се додаваат кон претходното подготвената смеса со брашно.
  4. Стопеното чоколадо со маргарин се додава по полека, со постојано мешање додека смесата се изедначи.
  5. Калапите се мачкаат со маргарин и се наросуваат со какао (вишокот е пожелно да се истресе), а потоа се полнат 2/3 од висината на калапот.
  6. Се печат во претходно загреаната рерна на 180 степени, за време од 7-10 минути.
  7. Се сервира топло, заедно со топка сладолед, а по желба и повеќе.

Совет плус: Наместо маргарин, како поздрава варијанта може да користите путер. Во секој случај, подгответе се за неизмерно уживање додека го јадете лава колачот!

Пријатен апетит!

Сподели: