Топ совети за забавено стареење

Стареењето ја забавува работата на срцето, ја намалува мускулната маса, ги оштетува клетките и ткивата. Меѓутоа, сите овие негативни ефекти на процесот на стареење врз здравјето можат да се ублажат со навремено прифаќање и применување здрави животни навики, правилно информирање, едуцирање и превенција.

Артерии

Со стареењето срцето почнува побавно да работи и станува помалку ефикасно, но овие природни промени, главно, влијаат само на способноста на срцето да се справи со напорот. Како што старее организмот, така се оштетува внатрешноста на крвите садови, тие стануваат посклони кон инфламација и појава на масни талози, а со тоа се ограничува и протокот на крв. За да го зачувате здравјето на артериите, вежбајте три пати неделно, возете велосипед или трчајте. Покрај редовната физичка активност, внимавајте на исхраната. Почесто јадете свежа, помалку обработена храна. Рафинираните масла заменете ги со ладно цедени масла, како што е маслиновото.

стареење

Сочувајте го помнењето и здравјето на мозокот

Покрај здравата исхрана, за да се сочува здравјето и функциите на мозокот, се препорачуваат и активности кои бараат понапорно размислување. Особено се корисни учењето на нов јазик, решавањето на загатки и крстозбори.

Некои истражувања велат дека умерената физичка активност од еден час, три пати неделно, може да помогне за зачувување на помнењето. Високиот крвен притисок и холестеролот го забрзуваат процесот на стареење на мозочните клетки. Затоа се препорачуваат редовна физичка активност, храна богата со омега 3 масни киселини и антиоксиданси.

Зачувајте ги мускулите

Стареењето и намаленото лачење на одредени хормони предизвикуваат губење на мускулната маса. Неправилната исхрана и недоволната физичка активност ги забрзуваат овој процес. Протеините од храната се најважни за здравјето на мускулите. Се препорачува да се внесуваат 2 грама протеини дневно за секој килограм од вашата идеална телесна тежина. Едно парче пилешко месо содржи околу 45 грама протеини. Покрај протеините, важно е да се внесуваат и соодветни количини на калиум кои ги има во спанаќот, слаткиот компир, грав, брокула, авокадо…

Ви предлагаме да прочитате: 5 лесни начини да го забавите процесот на стареење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: