Топ 5 листа за здрав крвен притисок 1

Топ 5 листа за здрав крвен притисок

Станува збор за една од најчесто застапените болести на модерното време, затоа срдечно ви препорачуваме да издвоите малку време за своето здравје и да го прочитате овој текст. Здрав крвен притисок е сон на многумина, ако го имате ценете го тоа, а во секој случај прочитајте го подолниот текст со препораки, совети и помош од храната за подобро здравје.

Високиот крвен притисок ја зголемува опасноста и ризикот од кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и срцев удар, а добра вест е дека со неколку чекори, здрав начин на живот и исхрана, може да делувате превентивно. Најзначајни фактори кои го предизвикуваат се прекумерна телесна маса, долготраен стрес, пушење и исхрана богата со масти, а има неколку едноставни начини и намирници кои ќе ви помогнат да ги победите. Јадете помалку сол и црвено месо, пијте помалку чај, кафе и алкохол, ослабнете доколку имате вишок килограми, јадете помалку животински масти и многу важно трудете се да се ослободите од стресот што повеќе!

Топ 5 хранливи состојки за здрав крвен притисок

Витамин Ц

Витаминот Ц заедно со сулфурот се значајни состојки кои учествуваат во градбата на колагенското ткиво во крвните садови, така да ги прават силни и отпорни. На овој начин витаминот Ц ги штити крвните садови од појава на стеснувања на артериите и висок крвен притисок. Најдобри извори на витамин Ц се:

  • Свеж магдонос
  • Портокал
  • Лимони
  • Црвена и црна рибизла.

Магнезиум

Овој минерал овозможува да се намали крвниот притисок на неколку начини. Прво, магнезиумот има смирувачки ефект врз нервниот систем, така да го намалува зголемениот притисок кој се јавува под дејство на стрес. Второ, доброто ниво на магнезиум во крвта помага за да се превенира и намали наталожувањето на калциум на крвните садови, а на овој начин помага во одржување на здрав крвен притисок, така што ги штити крвните садови од запушување, кое доведува до висок крвен притисок. Најдобри извори на магнезиум се:

Топ 5 листа за здрав крвен притисок 2

Омега 3 масни киселини

Еден од начините да се превенира крвта да не стане густа и леплива е да се зголеми внесувањето на масна риба или да се внесуваат омега 3 масни киселини. Мастите од риба, влијаат на „разредување на крвта“ и ги обновуваат мастите во крвта, а тоа има позитивно влијание врз крвниот притисок, со што се намалува ризикот од мозочен и срцев удар. Најдобри извори се:

  • Свежа туна
  • Скуша
  • Сардина
  • Лосос
  • Харинга.

Омега 3 масните киселини се есенцијални, што значи организмот не може самиот да ги синтетизира (произведи). Затоа, за правилно функционирање на телото неопходно е да се внесат преку исхраната. Постојат омега-3 и омега-6 есенцијални масни киселини, кои бројката (3 или 6), ја добиваат во зависност од тоа на која позиција се наоѓа двојната врска во нивната хемиска структура. Линолната киселина е омега-3 масна киселина, а линоленската е омега-6 масна киселина. И двете се потребни и корисни за организмот, а посебно кога ги консумираме во оптимални дози. Како добри извори на овие масни киселини може да ви ги препорачаме ладно цедените масла за пиење на Фила. Имате повеќе за избор, па од поголемите маркети, продавниците за здрава храна или нивната онлајн продавница, може да си купите ладно цедено масло од семки од тиква 100% 250 мл, ладно цедено масло од црно семе 250 мл, екстра девствено маслиново масло 100% 250 мл, ладно цедено масло од ленено семе 250 мл и ладно цедено масло од чиа семе 250 мл.

Растителни влакна

Можеби ви звучи чудно, дека доколку нешто не се апсорбира во телото може да има позитивен ефект врз крвта. Растворливите влакна имаа влијание врз крвниот притисок така што помагаат за да се одржат здраво нивото на холестеролот. Холестеролот минува низ црниот дроб, каде се разградува и преминува во состав на жолчката и така се доставува до цревата каде што се елиминира од телото. Во цревата се разградува и заедно со растителните влакна се отстранува од организмот. Доколку страдате од констипација (затвор) или вашата исхрана е сиромашна со растителни влакна, постои голема можност разградениот холестерол да се реапсорбира и рецикркулира назад во телото.На овој начин може да влијае на зголемување на крвниот притисок, па за да го спречите тоа зголемете го внесувањето на растителни влакна за да се помогне работата на цревата, а со тоа да се одржи здрав крвен притисок. Затоа, ако често појадувате овесни житарици (мусли или трици) е добро. Добри извори на растителни влакна се:

  • Овес
  • Јаболка
  • Круши
  • Леќа
  • Леблебии.

Антиоксиданси

Сите масти кои патуваат низ телото, без разлика дали се заситени масти или омега 3 масти, се подложни на оксидација и кога ќе се оксидираат стануваат штетни, па ја прават крвта погуста и полеплива. Антиоксидансите како што се витамин Ц и витамин Е ги штитат мастите од оксидација. Останатите антиоксиданси како што се флавоноидите и проантоцијанидите, кои се наоѓаат во силно обоеното овошје и зеленчук, ги штитат крвите садови од оштетувања кои ги предизвикуваат штетните радикали. Зголемувањето на храната која е богата со антиоксиданси може да помогне во заштита на кардиоваскуларниот систем и одржувањето на здрав крвен притисок. Најдобри извори на храна која е богата со антиоксиданси се:

  • Црвени и портокалови пиперки
  • Моркови
  • Грашок
  • Брокула
  • Сладок компир
  • Цвекло
  • Виолетова зелка
  • Боровинки
  • Капинки
  • Црвена и црна рибизла.

Ви препорачуваме да прочитате: Со здрави навики против висок крвен притисок.

Сподели: