топ 7 намирници за сјајна коса

Топ 7 намирници за здрава и сјајна коса

Користите скапи шампони и регенератори, но сепак вашата коса не е здрава и сјајна? Време е да се тргнете од тушот и да се упатите во кујната. Косата расте од 0,6 до 1,2 см месечно, а силната, сјајна коса, нокти и убавата кожа зависат од хранливите состојки кои ги внесуваме преку храната.

За да се има убава коса, потребно е во организмот да се внесуваат протеини кои ќе го поттикнат нејзиниот раст, а покрај тоа и внесот на железо да биде на задоволително ниво.

Експертите за коса советуваат дека подобро е хранливите состојки да се внесуваат преку храната, а не да се купуваат додатоци кои во некои случеви наместо позитивни, имаат негативни ефекти.  Дерматологот Паради Мирмирани од Калифонија, изјавил дека доколку се зголеми количината на витамин А во организмот, како резултат на земањето на суплементи, може да доведе до опаѓање на косата.

Следните производи може да ви помогнат при изборот на храна која ќе го подобри изгледот на вашата коса:

Моркови

Морковите се одличен извор на витамин А, кој е важен за здравјето на скалпот, а здравиот скалп овозможува здрава и сјајна коса. Може да ги грицкате помеѓу оброците или едноставно направете си салата.

Зелен лиснат зеленчук

Спанаќот, брокулата и блитвата се значајни извори на витамините А и Ц, кои им се потребни на телото за да произведе себум (мрсна материја која е секрет на фоликулите на косата), а претставува природен регенератор за коса. Овие зеленчуци во својот состав содржат железо и калциум.

Јаткасти плодови

Индиските ореви се богати со селен, минерал е кој е значаен за здравјето на скалпот. Оревите содржат алфа-линоленска киселина која го подобрува изгледот на косата. Јаткастите плодови се богати со цинк, чиј недостаток во организмот може да доведе до опаѓање на косата.

топ 7 намирници за сјајна коса

Млеко

Млекото или јогуртот со ниска масленост, спаѓаат во групата на храна која е богата со калциум, значаен минерал за раст на косата. Покрај тоа, млечните производи се богати со протеини (казеин и суруткини протеини) кои го хранат влакното на косата.

Јајца

Без разлика дали повеќе сакате варени или пржени јајца, тие сепак ќе ви помогнат за убава коса. Јајцата се вбројуваат во најдобрите извори на протеини, а исто така содржат биотин и витамин Б12.

Пилешко месо

Пилешкото месо содржи висок процент на протеини, кои ќе и помогнат на вашата коса да биде здрава. Покрај тоа, пилешкото месо е богат извор на железо, кое што организмот лесно може да го искористи за своите потреби.

Риба и школки

Потрудете се барем еднаш до два пати неделно, да имате риба на вашето мени. Како најдобри избори кои помагаат за убава и сјајна коса се лососот или пастрмката. Рибите претставуваат одличен извор на омега 3 масни киселини, протеини, витамин В12 и железо, кои се од исклучително знаење за здравјето на косата и скалпот. Школките се познати како афродизијак, но помагаат и за одржување на здрава коса. А сето тоа се должи на присуството на цинк, кој е моќен антиоксиданс. Доколку не сте љубител на морска храна, јадете телешкото и јагнешкото месо кои исто така се богат извор на цинк.

Ви предлагаме да прочитате: Совети и природна маска за помош при опаѓање на косата.

Сподели: