тортелини рецепт

Тортелини – домашен рецепт

Мали и слатки на лик, а уште поубави за вкус. Интересните тортелини се поинакви тестенини од оние на кои вообичаено сме навикнале, а ако одиме да ги купиме во продавница ќе видиме дека се малку поскапи од останатите. Совршени за предјадење, супи или додаток со друго јадење!

Постапката за правење на тортелини ја откривме на блогот Kuhinjica Mignone, а уште подобро е што за сите нас е достапен и фотографски приказ на постапката. Ние пробавме да ги направиме дома и задоволни сме од резултатот. Ви препорачуваме да пробате и вие.

тортелини рецепт

Состојки:

За тесто:

  • 300 гр брашно
  • 3 јајца
  • малку вода по потреба.

За фил:

  • За филовање можете да користите различни филови, како што е мелено месо, пршута, сирење, нивна комбинација и слично.

Подготовка:

  1. Од брашното и јајцата замесете тврдо тесто, а по потреба можете да додадете и малку ладна вода.
  2. Тестото завиткајте го во фолија и оставете го да одмори барем еден час, а може и подолго.
  3. Потоа, поделете го тестото на 3 дела и секој дел истанчете го во правоаголна кора, па исечете го на квадрати со еднаква големина.
  4. На секое квадратче, во средишниот дел ставете по малку фил, а потоа преклопете ги по дијагонала за да добиете триаголник.
  5. Преклопете ги краевите на тестото преку прстот и благо притиснете ги за подобро да се залепат. На истиот начин направете тортелини и од останатото тесто, па оставете ги малку да се потсушат. Ако случајно ви останат вишок тортелини, слободно спакувајте ги и замрзнете ги за нареден пат.

Сподели: