Третмани со јаболкова киселина против проширени вени

Многумина се соочуваат со проширени вени на нозете. Но, за среќа постојат домашни третмани со кои може да си помогнете. Овој пат ви претставуваме два начини за лекување на проширени вени со помош на јаболкова киселина.

Проширените вени кои уште се нарекуваат варикоза, варикозен синдром или варикозна болест, претставуваат заболување кое се манифестира со нерамномерно проширување и змијовидно набрчкување на поткожните вени на нозете. Најчесто засегната е женската популација (под влијание на женските полови хормони).

третмани против проширени вени

Меѓутоа проширените вени може да се јават како резултат на следните фактори:

  • Возраст – со текот на времето вените ја губат способноста да се борат со гравитацијата.
  • Бременост – телото произведува повеќе крв, со што се создава поголем притисок врз вените. Со зголемувањето на телесната тежина во текот на бременоста исто така се зголемува и стресот врз вените.
  • Прекумерна телесна тежина и дебелина – исто како што споменавме во бременоста, вишокот на килограми негативно влијае врз здравјето на вените.
  • Долготрајно седење или стоење
  • Генетска предиспозиција.

Третман со јаболкова киселина против проширени вени и испукани капилари (преврски)

Јаболковата киселина има многу придобивки меѓу кои е и третманот против проширени вени. Во продолжение прочитајте како може да си помогнете со јаболкова киселина.

  1. Земете газа која ќе ја користите за преврска на ногата.
  2. Потопете ја во јаболкова киселина.
  3. Газата поставете ја на заболеното место.
  4. Оставете ја да делува за време од 30 минути.
  5. Отстранете ја газата и измијте ги нозете.

Совет плус: Со оглед на тоа што јаболковата киселина е кисела, прво нанесете на мал дел од кожата. Некои лица кои имаат осетлива кожа може да имаат чешање и црвенило при овој третман.

За најдобри резултати, легнете на рамна површина и поставете неколку перници под петиците.

Третман со масажа со јаболкова киселина

Вториот начин е да нанесете јаболкова киселина директно на нозете, наутро и навечер со нежна масажа. Но, како што споменавме прво нанесете јаболкова киселина на мал дел за да утврдите дали вашата кожа е осетлива или не.

Ви предлагаме да прочитате: Руски рецепт за каша за проширени вени.

Сподели: