набрчкан врат

Третман за намалување на видливите брчки на вратот

Секоја дама посакува да изгледа убаво, независно од нејзините години. А со процесот на стареење се забележуваат првите брчки на вратот и лицето.

Може да правите различни третмани, да користите кремови против стареење, да се советувате со дерматолози и да ги читате сите совети за убавина кои ќе ви помогнат да се ослободите од непосакуваните брчки на вратот и лицето. Но, немојте да трошите многу пари за козметички средства и третмани кои што често пати немаат ефект. Најдобро е да издвоите малку време и да ги испробате овие домашни третмани кои ќе ви помогнат да изгледате помладо и без брчки.

брчки на вратот

Направте ексфолијација со природен пилинг од шеќер

Ексфолијацијата подразбира отстранување на површинскиот слој на кожата во кој има мртви клетки, прашина, нечистотии и вишок на себум. Насобраните мртви клетки придонесуваат за набрчкан врат и сува кожа. Затоа потребно е да се направи нежен пилинг со помош на шеќер. Може да го пробате домашниот пилинг со шеќер и мед или пак да направите пилинг со кафе и шеќер. Било кој пилинг да го изберете, ви гарантираме дека нема да погрешите.

Облоги со овошна киселина за подмладување на кожата

Еден од одличните домашни третмани против брчки на вратот се облогите со овошни киселини. Со нанесување на производи кои се богати со витамин Ц, ќе се подобри изгледот и тонусот на кожата. Освен тоа ќе се поттикне создавањето на нови клетки. За да го направите овој третман потребни ви се сок од лимета или лимон. По ексфолијацијата на кожата, нанесете малку свеж сок од лимон врз мала крпа. Крпата ставете ја врз вратот и оставете ја да делува за време од 10 до 15 минути. По овој третман, кожата ќе изгледа многу помладо.

Маска од маслиново масло за хидаратација

Следниот чекор е нанесување на домашна масла од маслиново масло. Откако ја исчистивте кожата со пилинг и ставивте овошни киселини, време е за хидратација. Уште од антички времиња Римјаните го користеле маслиновото масло за навлажнување на кожата, а  ден денес е едно од најчесто користените природни препарати за убавина. Земете малку маслиново масло и масирајте ја кожата на вратот додека маслото се впие.

Тајната на убавината се крие во природата! Искористете ја!

Ви предлагаме да прочитате: Маска за лице од куркума против брчки, акни и темни кругови.

Сподели: