Трикови за ефикасно отстранување на дамки 1

Трикови за ефикасно отстранување на дамки

Ви претставуваме неколку трикови кои се најефикасни за отстранување на разни дамки од површините! Без разлика дали дамката настанала на облеката, на тепихот или на мебелот, најважно е да ја отстранете додека е свежа. Треба да знаете дека има повеќе домашни средства кои може да ви помогнат во тоа.

Дамки од кафе

На пример, можете да го исперите алиштето со млака вода во која сте ставиле малку сол. Оставете така да стои барем 2 часа, па исперете го алиштето како и обично. Ако дамката и натаму е видлива, направете мешавина до киселина и алкохол во подеднакви количини, натопете крпа во неа, па со крпата истријте ја тврдокорната дамка од кафе.

Трикови за ефикасно отстранување на дамки 2

Дамки од чоколадо

Тоа е една од најомилените намирници, а нејзините остатоци често може да се најдат на столиците, крпите или навлаките од креветите. Добра работа е што чоколадата прилично добро се чисти со детергент. Во случај на тврдокорна дамка, што е ретко, постапете слично како со кафето.

Дамки од масти и масла

Кој би помисли, но овие дамки може да ги отстраните со пудра во прав. Напрашете ја ткаенината со пудрата и оставете ја да стои. Откако пудрата ќе ја впие маснотијата, исчеткајте ја ткаенината. Ако е потребно, постапката повторете ја повеќе пати.  Ако дома немате пудра, истиот ефект можете да го постигнете со брашно или сол. Ставете сол на дамката и неколку капки лимон, па добро исперете со вода.

Дамки од овошје и зеленчук

Најчесто, најлесно се отстрануваат ако ги истриете со сол, па ги накапите со лимон. Исто така, за отвстранување на дамки од овошје, одлично е киселото млеко. Потопете го зафатениот дел во кисело млеко и оставете да стои ткаенината цел ден. Исперетеја на вообичаен начин.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашни средства за отстранување на мрсни дамки на облеката.

Сподели: