Убава и здрава кожа – тајната е во водата

Водата е неопходна за живот, но и за здрава кожа. Луѓето можат многу подолго да преживеат без храна отколку без вода. Единственото нешто кое ни е попотребно за живот од водата е воздухот.

Водата претставува околу 60-70% од нашата телесна тежина. Затоа, секое делче од нашето тело има потреба од вода за да може правилно да функционира. Недоволното внесување на вода води до дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е невозможно. Дури и слабата дехидратација веднаш носи негативни последици како намалување на енергијата, главоболки, замор и лош изглед на кожата.

Секој од нас има специфична кожа. Се среќаваме со различни проблеми како нечистотија, брчки, чувствителност на некои состојки, а сето тоа е предизвикано од стареењето, хормоните, генетските предиспозиции, но и од начинот на живеење. Сепак, една работа е заедничка за сите типови на кожа – потребна и е многу вода за да биде здрава, негувана и убава.

здрава кожа

Недостатокот на вода забележително влијае врз изгледот на кожата

Речиси една третина од течности во телото се наоѓаат во кожата, секако доколку е здрава. Во голема мерка состојбата на нашата кожа зависи од ефикасната хидратација. Недостатокот на вода има негативен ефект врз изгледот на кожата. Таа станува сува, губа, а понекогаш дури и пука. Урамнотеженото консумирање на вода ја поттикнува циркулацијата и метаболичните процеси во клетките кои на кожата и даваат здрав и блескав изглед.

Доколку на телото не му обезбедиме доволно течности, нивото на водата во клетките на кожата се исцрпува и активноста на ензимите се забавува. И покрај тоа што со самото консумирање на вода се подобрува здравјето на кожата, дополнителна надворешна помош е неопходна како би се постигнал совршено негуван и свеж изглед и како би се осигуриле сите природни процеси во кожата да работат правилно.

Водата се бори против брчките и акните

Сметајте ја водата за природно средство кое ја негува вашата кожа на различни начини. Кога телото е дехидрирано, нежните линии и брчките се повидливи. Водата ја подобрува циркулацијата, па вашата кожа ќе придобие здрав сјај. Единствениот начин на којшто водата може да ѝ наштети на кожата е ако пречесто го миете лицето. Кожата лачи природни масла кои служат како заштита, па ако премногу често ги отстранувате, може да се соочите со сува кожа и појавување на брчки.

Па, побарајте мало шише со вода и постојано чувајте го до себе. Започнете уште сега да ја користите моќта на водата за убава и здрава кожа.

Ви предлагаме да прочитате: Зимски водич за здраво и мазно лице.

Сподели: